ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Резултатите од политиките на пријателство и грижа се гледаат и ценат, самоповредување на малолетници преку „Тик Ток“

March 4, 2021 20:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев се сретна со претставници на Македонската горанска заедница на Косово, претседателот Авнија Рахте и секретарот/координатор Аце Димовски. На состанокот се поздравени интегративните политики на премиерот Заев и реализацијата на концептот „Едно општество за сите“. Констатирано е дека политиките на пријателство и дијалог на премиерот Заев се пример и силен поттик за соработка и почитување како меѓу граѓаните во државите од регионот, така и за добрососедските односи. Во таа насока е пренесено дека резултатите од политиките на пријателство и грижа се гледаат и граѓаните Горанци тоа го ценат.

Министерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-прифил наведе дека Министерството за внатрешни работи добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица и упати алеп за внимателно користење на социјалните мрежи.

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на онлајн-дебата на тема „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“, во организација на Европската младинска мрежа за демократија, а во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование и Меѓународниот републикански институт.

Во фоајето на Кинотеката се изложени 40-тина плакати на филмови од црногорската кинематографија, но и копродукциски проекти – реализирани главно во втората половина на дваесеттиот век, но и од поновиот период. Повеќето од изложените експонати се дел од единствената оригинална колекција на филмскиот режисер Момир Матовиќ, како резултат на неговото децениско трагање по кинотечните архиви, библиотеки, архивите на филмските продуценти и дистрибутери, а некои се откупени од приватни колекционери, соопштија од Кинотеката на Северна Македонија.

Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Амазон, денеска во Лондон го отвори својот прв супермаркет надвор од САД, како прв чекор во својот план за глобално ширење со физички продавници.  Според компанијата, синџирот подавници во Велика Брианија се нарекува „Амазон фреш“ и ќе користи автоматски каси за наплата без касиери и без чекање на ред. 

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска оствари две одделни средби со претставници на Стопанската комора за фотографска и видео дејност и на Здружението на туристички водичи. На двете средби, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, се разговарало за актуелните случувања во овие дејности при што од страна на вицепремиерот било посочено дека секој граѓанин е важен и дека во овој кризен период Владата направила сериозни напори за зачувување на работните места во сите дејности.

Next Post

Стефоска: Охрид треба да биде стратешка цел и грижа на сите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk