ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Преродбеничко“ Водно: Ем „Беверли Хилс“ ем „Гармиш-Партенкирхен“

March 6, 2021 17:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Скопје. Фото: Жарко Т

Скопје. Фото: Жарко Т

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

За повеќето скопјани парк-шумата Водно е синоним за „белите дробови“ на градот. Штом ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та, се појавија „експерти“ кои почнаа да коваат заговорнички планови за уништување на Водно како парк-шума.

Уште во септември 2006-та, Миленко Неделковски не го гледаше „она мало планинче крај Скопје“ како парк-шума, туку како најголема и најисплатлива инвестиција: „Водно не е ниту парк, ниту шума, како лажно се претставува. Доколку е шума, треба да има дрвја и животни, а не грмушки, змии и желки, како што сега е случајот“ – докажуваше географот Миленко во колумната „Водно Хилс“. Миленко математички прецизно пресмета дека „над Скопје имаме грмушки со квадратура многу поголема од пет (5) милиони квадрати“, која е идеална за да се урбанизира и насели со богаташи кои би граделе хациенди (од 200 до 1.500 квадрати, на парцели од 2.000 до 25.000 квадрати). Пресмета и дека на Водно можат да се изградат „1.500 хациенди со вкупно околу 600.000 квадрати станбена површина“, со што државата би добила половина милијарда евра од едната страна, и уште толку од другата страна на Водно. Така, работејќи „во интерес на државата“, Миленко го промовираше „Водно хилс“ небаре рај во Македонија, исто како што елитниот „Беверли хилс“ е рај на планетата Земја –  за која географот потоа докажа дека е „рамна плоча“.

Парцела да е: „Цело Водно ВМРО-вски град“?

На „пастирите“ од ВМРО-ДПМНЕ, кое веќе го имаше територијално „обележано“ Водно со „капиталната инвестиција“ во „Милениумскиот крст“, очигледно им се бендиса идејата за богаташки „Беверли хилс“ на Водно. Па така, во април 2007 осамна „пророчкиот“ наслов „Сопиште ќе стане Беверли Хилс“ со поента дека жителите „со душа чекаат да заврши јавниот повик на Владата за продажба на државното земјиште од 60 хектари на јужните падини на Водно“, наменето „за изградба на населбата Сончев град, инвестиција вредна 100 милиони евра“. Градоначалникот на Сопиште ја уверуваше јавноста дека „Ако се изгради Сончев град, ќе станеме Беверли Хилс“, а министрите на Груевски следната деценија мантраа дека „Сончев град станува реалност“.

Но, што реално видовме од „инвестицијата вредна околу 100 милиона евра“ која се промовираше како „Сончев град“ за 6.000 луѓе во 602 индивидуални куќи и 11 станбени згради – популарно нарекувана „Беверли Хилс“? Прво, видовме дека продажбата на земјиштето била криминална, дека буџетот наместо да се наполни бил оштетен за над милион евра, за што уште се води судскиот процес „Топлик“. Второ, наместо ВМРО-вскиот „сончев“ град, на Водно останаа уништени ридови што се гледаат од Месечината. Трето, покрај криминалната буџетска дупка и еколошката дупка на Водно, белите дробови на Скопје беа испресечени и со еден асфалтиран неупотреблив пат кој изеде од буџетот над 7 милиони евра. Кога почна да се гради во јули 2013, наместо ветуваниот тунел кој требаше да го пробие Водно, премиерот Груевски изјави дека „Со регионалниот пат се отвора и можност покрај населбата Сончев Град да се изградат уште три други слични блока“. Но, од идејата „Цело Водно ВМРО-вски град“ беше реализиран само еден мини „Беверли Хилс“ на падините на Водно „само за џет-сетот и за богатата класа“. Некогашниот култен „Хотел Панорама“ – „местото на злосторството“ каде што Груевски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ – се трансформираше во 2009 во луксузна населба со 200 модерни станови.

Од „Сончеви градови“ до „Панорамска кула“ и „Потемкиново село“

Истата 2013 година, кога Груевски покрај „Сончевиот град“ на Водно најави „три други слични блока“, „пастирот“ во друштво на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски постави камен-темелник на една од најскапите градби од „проектот Скопје 2014“ – Телекомуникациската кула на Водно. На врвот на Водно беа истурени илјадници тони бетон за кулата од 155 метри која „ќе биде двапати повисока од Милениумскиот крст“ и која Груевски ја промовираше како „магнет за туристите“ („осматрачница“ од која најубаво би се гледало неговото животно дело – проектот „Скопје 2014“). Покрај оваа катастрофална инвестиција од над 18 милиони евра за развој на туризмот во Водно, Груевски и Коце Трајановски реализираа и други скапи „туристички проекти“, кои дополнително ги оштетија ем белите дробови на градот, ем народниот буџет. Џабе експертите предупредуваа дека со жичарницата (при чија изградба беше исечено многу шума) и со зголемениот сообраќај на врвот на Водно се нарушува функционирањето на заштитениот простор во кој не треба да има вознемирување. Покрај жичарницата, на Водно владата инвестираше и над 6,5 милиони евра во туристичкиот проект „Македонско село“, кој Коце Трајановски го ветуваше за 2010, а беше пуштено во 2016. Но, и овој остварен туристички сон на Груевски стана кошмар, откако концесионерот на вештачкото село по само две години се откажа информирајќи дека комплексот куќи од немал економска исплатливост и дека во континуитет работел со загуби. Само три години откако беше промовирано од Груевски како туристичка атракција, новинарите луцидно заклучија дека „Ни куче не лае во „Македонско село““.

Покрај туристичките катастрофи, пневмонија на белите дробови на Скопје

предизвикуваше и поместувањето на градежната линија на Водно со скандалозните измени на ГУП-от и ДУП-овите. Од „бомбите“ слушнавме дека лично Груевски како премиер бил заинтересиран за промена на ГУП-от и ДУП-от откако намерачил плацови на Водно, заради нивно трансформирање во градежни парцели за изградба на „згради-мади“. Дополнителна закана за Водно беше и планираната „јужна обиколница“, која би довела до натамошно девастирање на Водно, а за која сегашниот градоначалник на Скопје Шилегов вети дека ќе биде избришана во наредниот ГУП. И трасата на гасоводот кој поминува низ Водно беше проект за кој сите дозволи се издадени додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

„Преродбеничко“ Водно: Ем „Беверли Хилс“ ем „Гармиш-Партенкирхен“

Сепак, се чини дека најлудата „преродбеничка“ идеја за туристичко развој на „Водно“ не беше ни „Водно (Беверли) хилс“, ни прескапата „Панорамска кула“, ни „Потемкиновото“ македонско село, туку идејата на Коце да го претвори Водно во „Гармиш Партенкирхен“ со изградба на ски центар. Изградбата на „Ски центар на Водно“ беше ветувана како најголема атракција која би чинела „само“ 10.5 милиони евра, со изградба на нова жичарница, ски лифт, и 4 ски патеки, ресторани и други објекти меѓу кои и „акумулација за вода и систем за технички снег со пумпна станица со што ќе се обезбедат услови за подолга скијачка сезона“. И покрај укажувањата дека идејата за Ски-центар на Водно е небулозна и уништувачка за белите дробови на градот, Коце Трајановски не се откажуваше од неа и потроши неколку стотини илјади евра градски пари за студија на ски патека и за проект за ски-центар на Водно.

Ете зошто ни е потребен посебен закон за Водно (па и за Матка) – за ефективно да не заштити од „оригиналните“ милионски инвестиции и „проекти“ кои беа катастрофални за функционирањето на белите дробови на градот Скопје.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

САРАЧИНИ: Ако се лајковите на Фејсбук мерило за успех во животот, кои се најуспешните луѓе во Македонија?

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk