ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19

March 10, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 5 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во рамки на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во другите градови е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани девет, во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
извор: МИА
Next Post

Основана нова индустриска зона Битола – дел од ДТИРЗ

НАЈНОВО

Извештај на ЕК за Северна Македонија: Постигнат значителен напредок, но се потребни интензивни напори за владеење на правото

November 3, 2025
Скриншот

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

November 3, 2025
Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk