Со денешната акција што ја спроведоа екипите на Град Скопје заедно со инспекциските служби повторно се спречи ново формирање на дива населба под Железничката станица, известуваат од Град Скопје.
Оттаму велат дека со механизација се отстранија импровизираните картонски куќи на паркиралиштето под Железничка, а со тоа се спречи и потенцијалното палење на огнови на отворено што често доаѓаат од таму во овој период од годината.
„Апелираме и ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193.“, апелираат од Град Скопје.








