ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

За создавање еколошки одржлив град потребен е безбеден и евтин јавен систем на транспорт, вели јапонскиот професор Вакаматсу за МИА

March 10, 2021 13:16
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јапонски експерти од областа на аерозагадувањето ќе одржат предавање на Машинскиот факултет во Скопје, во насока на споделување искуства и отворање дебата за проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во земјава.

Професорите Шинџи Вакаматсу и Имура Хидефуми, како и Јамада Таизо, кој е постар советник во Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА ќе го споделат своето знаење и искуство од Јапонија и светот во рамки на неколкучасовното предавање, кое ќе се одржи утре 11 март, во организација на амбасадата на Јапонија, здружението МАК-ЈАМС и Машинскиот факултет. Модератор на предавањето ќе биде професорот Ташко Ризов.

За справување со загадувањето во главниот град Скопје, професорот Вакаматсу во изјава за МИА, вели дека искуствата од минатото и заедничка истражувачка работа со странство и Јапонија ќе бидат особено корисни, при урбаното планирање на градот.

На прашање од МИА, за справување со различните извори на аерозагадување во главниот град, професорот Вакаматсу вели дека е потребен различен пристап за стационарните извори на загадување (домови и индустрија) и за мобилните извори на загадување (сообраќај и подвижна опрема).

– За стационарни извори на емисии, потребен е систем за регулирање на тоталното загадување. Кога количината на гориво што се користи во објектите стане голема, дозволеното ниво на емисија треба да биде построго. Особено важна е соработката меѓу властите и приватните компании, а неопходно е и воведување на технологии за филтрирање на оџаците, со што ќе се намали емисијата на штетни гасови. За мобилните извори на емисии, освен мерките против индивидуалните автомобили, подеднакво важни се и сообраќајните и логистички системи. За создавање на еколошки одржлив град, треба да се воведе безбеден и евтин јавен систем на транспорт, вели професорот Вакаматсу за МИА.

Според Вакаматсу, метеоролошките фактори, како што се висината на инверзивниот слој и малата брзина на ветерот, имаат значајна улога во формирање на сериозно аерозагадување, особено во зимската сезона.

– Подобрувањето на енергетската ефикасност е од суштинско значење не само за урбаното аерозагадување, туку и глобалните климатски промени, како и од економска гледна точка, вели Вакаматсу.

Професорот Вакаматсу, исто така, предупредува на поврзаноста на климатските промени и аерозагадувањето, посочувајќи дека глобалното затоплување го забрзува формирањето на фотохемиски озон и ПМ 2,5 честички, додека од друга страна фотохемискиот озон и црниот јаглерод се супстанци на самото глобално затоплување.

Шинџи Вакаматсу е професор емеритус и истражувач при Националниот институт за студии за животна средина при Универзитетот Ехиме. Автор е на повеќе од 50 значајни научни трудови од полето на животната средина.

По добивање на докторат по инженерство на Универзитетот Хокаидо, Вакаматсу работи како научник-истражувач во Центарот за животна средина на префектурата Канагава, Факултетот за инженерство на Универзитетот Хокаидо, Лабораторијата за истражување на атмосферските науки и Факултетот Цукуба, пред да влезе како професор на Универзитетот Ехиме.

На предавањето ќе се обрати и Имура Хидефуми. Тој е професор на Глобалниот институт за соработка за одржливи градови при Универзитетот Јокохама и професор емеритус на Универзитетот Нагоја. Тој е исто така, виш соработник на Институтот за глобални стратегии за животна средина.

Професорот Хидефуми има широк спектар на експертиза, од домашна и меѓународна политика, технологии за животна средина, економија и информации во Јапонија, Кина и земјите од Источна Азија.

Неговото истражување е насочено кон анализа на енергетски и материјален проток на човечки активности во градовите, проценка на животниот циклус на јавната инфраструктура и моделирање на човечка интеракција со животната средина.

Таизо Јамада е постар советник за Управување и планирање на животната средина во Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА. Тој своето образование го има започнато на Универзитетот Харвард Кенеди во Масачусетст во САД, а завршува на Универзитетот во Токио.

Јамада работи на полето на животната средина од 1981 година, започнувајќи во Институт за планирање на животната средина во Токио. Пред да се приклучи на ЏАЈКА има работено како консултант за животна средина и урбан развој за УНДП во Мексико Сити и Светска банка во Вашингтон.

Next Post

За време на полицискиот час јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа до 22 часот

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk