Од Град Скопје информираат дека од денеска, среда, јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот.
Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22.03.2021 година.
Потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.