ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ханкок: Ни се заканува недостиг на вакцини поради доцнењето од Индија

March 18, 2021 19:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На Велика Британија следниот месец и се заканува недостиг на вакцини поради доцнењето на пратката од индискиот Институт Серум, што ја произведува вакцината „АстраЗенека“, соопшти денеска министерот за здравство Мет Ханкок.

Британија е во првите редови на вакцинацијата во светот, но здравствените власти вчера предупредија дека имунизацијата ќе забави од 29 март, во следните четири недели, првично не откривајќи ја причината за тоа.

-Доцни договорената пратка од Институтот Серум во Индија, им рече Ханкок денеска на пратениците.

Велика Британија ги користи вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“, а од вкупно 100 милиони дози на „АстраЗенека“ 10 милиони се нарачани од Индија.

Портпарол на Индискиот институт изјави дека пред неколку недели на Британците им биле испорачани пет милиони дози.

-Ќе се обидеме подоцна да им испорачаме повеќе, врз основа на моменталната состојба и барањата на програмата за имунизација на индиската Влада“, додаде тој.

И додека британските власти зборуваат за доцнењето, „Фајзер„ и „АстраЗенека“ вчера  соопштија дека нивните пратки ќе пристигнат во договореното време.

Портпаролот на „АстраЗенека“ вчера изјави дека британското производство функционира нормално.

Досега првата доза во Велика Британија ја примиле 25,27 милиони лица или 48 проценти од возрасните. Британските медиуми наведуваат дека земјата во следните неколку дена ќе го надмине процентот од 50 отсто вакцинирани.  /МИА/

Next Post

Домот на Епстин во Менхетн продаден за 51 милион долари

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk