ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: „Рекет“ круцијален тест, не смеат да се толерираат никакви странични влијанија

Борбата против корупција подразбира обединување на власта, опозицијата, бизнис секторот, граѓанските здруженија

September 26, 2019 11:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку, пред с, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат.

Ова е порака што денеска ја испрати претседателот Стево Пендаровски на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се одржува во Собранието.

Како разочарувачка тој ја спомена состојбата што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција и изречени соодветни санкции. – А сите знаеме дека такви злоупотреби има многу. Овој факт говори дека високиот криминал и корупција биле прикривани и сме етаблирале култура на неказнување, рече Пендаровски и додаде дека секаде каде што има политички мешања во бизнисот, економијата трпи, малкумина се богатат под сомнителни околности, а народот страда.

„Треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата, со цел културата на неказнивост да стане минато“, истакна Пендаровски.

Најдобри резултати од примената на препораките на ГРЕКО земјава постигнувала во 2002 и 2005 година, но, како што забележа претседателот, од 2010 година резултатите се се послаби за да во последниот извештај бидеме оценети дека сме на незадоволително ниво.

„Нешто не е во ред со имплементацијата на терапијата. Потребна е далеку поголема енергичност и посветеност, граѓаните со право сметаат дека институциите во државата не си ја вршат својата работа на најдобар можен начин. Во борбата против  криминалот и корупцијата не може да има добри резултати ако нема системско справување и вредносен систем, којшто ќе биде изграден по европски критериуми, за што е потребна јасно изразена волја на сите политички чинители во државата“, нагласи Пендаровски.

За успешно справување со криминалот и корупцијата, порача шефот на државата, потребно е обединување на сите, од власта, опозицијата, бизнис секторот, граѓанските здруженија.

Правната држава и владеењето на правото не смеат да бидат празна флоскула, рече Пендаровски и додаде дека мора да има навремена реакција целосно заштитена од политички влијанија.

Како што додаде напорите на ДКСК не се доволни, нејзината работа треба да ја следат добро подготвено Јавно обвинителство и силно правосудство.

Нагласи дека извесни се членството во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, но додаде дека на земјата пред се и е потребно градење амбиент во кој политичарите нема да претставуваат посебна категорија на луѓе, за кои нема да важат законите.

Извор: МИА

Next Post

Катимерини: Северна Македонија и Албанија, клучни за рамнотежа на Балканот

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk