ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Богоев: Бариерите ги создаваат луѓето, единствената попреченост во животот е лошиот став

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општина Карпош денеска организираше панел дискусија и додели еднократна финансиска поддршка на 133 лица со попреченост од Општината

December 2, 2019 16:29
in РЕПУБЛИКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општина Карпош денеска организираше панел дискусија и додели еднократна финансиска поддршка на 133 лица со попреченост од Општината, пренесе МИА.

На дискусијата се зборуваше за сензорните соби за ученици со попреченост кои се отвораат во училиштата, за персоналните образовни асистенти, потребата од дневен центар за лица со попреченост, а беа отворени и други прашања од оваа област.

Според Андријана Тодоровска, дефектолог од ООУ „Вера Циривири Трена“ и „Лазо Трповски“, со отворањето на сензорните соби се придонесува за уривање на бариерите меѓу сите ученици.

Вакви соби, како што најави градоначалникот Стефан Богоев, наскоро ќе бидат отворени и во училиштата „Лазо Трповски“ и „Аврам Писевски“, а во училиштето во Бардовци во моментот се работи на посебен тоалет за ученици со попреченост.

Во однос на вработувањата, Богоев посочи дека во Општината работат лица со попреченост, а кафулето „Ревија“ минатата година имало оглас за вработувања на лица со Даунов синдром.

Според Богов, постои и можност за отворање на дневен центар откако ќе бидат отворени новите простории за општинската администрација, односно една од постоечките бараки може да биде пренаменета во дневен центар за лица со попреченост.

– Единствената попреченост во животот е лошиот став. Деновиве сме сведоци и на случувањата во Визбегово, каде што заедницата има проблем да прифати три дечиња, кои ќе бидат сместени во мал групен дом. Затоа, повторно ќе нагласам, бариерите ги создаваме ние, луѓето. И верувајте, вие немате никаква бариера. Бариерите се во системот, кој се трудиме постојано да го унапредуваме и прилагодуваме, но имаме уште многу работа, рече Богов пред лицата со попреченост.

Денешниот настан заврши со музички перформанс на млади таленти од Карпош, кои преку музика и знаковен јазик испратија порака за прифаќање на различностите и градење на инклузивна заедница.

Next Post

Лицата со попреченост да бидат активни чинители, а не само пасивни приматели на услуги

Најново

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Бела Куќа

Трамп се премисли – го продолжи примирјето со Иран: Одложен нападот, но војската останува во состојба на готовност

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk