ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Неприфатлива шпекулација е дека СДСМ се договорил со Албанците нивниот број на пописот да се прикаже поголем – тоа е математика, не политика, вели Таравари…

March 19, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Рашковски: Правните дилеми нека ги решат институциите, за политичките ги канам Чулев и ВМРО-ДПМНЕ на дуел. „Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот ако после сè може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа“, вели Рашковски за Канал 5 ТВ.

(ВИДЕО) Дали СДСМ и Албанците се договориле околу бројот на Албанците во пописот? На панелот „Попис: Статистика, не политика“ што го одржа ЦИВИЛ во Гостивар на 11 март, модераторот на панелот, Џабир Дерала, инсистираше на едно прашање и ѝм го постави на сите учесници поединечно, во врска со пропагандата од одредени политички кругови, дека постои договор помеѓу СДСМ и Албанците, во пописот „да се прикаже поголем број на Албанците“.

Заев: Повеќе од 82.000 од дијаспората се самопопишаа, ги повикувам нашите државјани од целиот свет, да се приклучат кон овој патриотски чин. Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се!

По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за ,,Монструм”. Судијата Марин Станевски рече дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба. Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за прогон. 

Состојбата во градинките е стабилна, тие остануваат отворени, вели Шахпаска. Доследното почитување на протоколите ја става ситуацијата под контрола, меѓутоа ќе ја следиме епидемиолошката состојба и заеднички ќе носиме одлуки во интерес на граѓаните, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посета на градинка во Ѓорче Петров.

Шахпаска: Децата чија мајка е во притвор по пожарот во кој почина едно нејзино дете се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка.  Таа беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија.

Во услови на пандемија грижата за секој работник е високо на агендата, ќе ја усогласиме минималната плата. Денешната минимална плата без усогласувањето е 14.924 денари што значи дека Владата предводена од СДСМ од 2017 година ја зголеми минималната плата за цели шест илјади денари, порача министерската за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани, порача Владата. За жал КСС, во услови кога во Економско-социјалниот совет сé уште не е затворено прашањето за покачување на минималната плата, ја манипулира јавноста и ја злоупотребува можноста што им е дадена да присуствуваат на тие состаноци, се вели во реакцијата.

Основачот на „БиоНтек“ Угур Шахин: Третиот бран на пандемијата ќе трае подолго од претходните два. Секој поединец може да придонесе што е можно поуспешно да се премости третиот бран, рече Шахин. Тој предупреди дека следната фаза, поради мутираните варијанти на вирусот, кои е потешко да се контролираат, ќе биде поголем предизвик од претходните.

(ВИДЕО) Мурињо влегол во соблекувалната на Динамо и со аплауз ги поздравил „модрите“.

И. Т. З. 

Next Post

Заев: Владата, спортистките и спортистите заеднички да се заложиме за родова еднаквост и за надминување на родовите стереотипи во спортот

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk