ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Антонио Милошоски нè уништи, 11 години бараме правда – тврдат поранешни вработени во Здружението на возачи Кичево 

Ве повикавме денеска овде бидејќи веќе 11 години не успеавме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени.

March 21, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СКАНДАЛИ

Изјава за медиуми од поранешните вработени во Здружението на Возачи Кичево за злоупотребите од страна на Антонио Милошоски во полза на неговиот татко и брат.

Обраќањето го објавуваме интегрално.

„Ве повикавме денеска овде бидејќи веќе 11 години не успеавме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени.

Моќник, како што се нарекува во судските процеси, Милошоски со неговиот татко користејќи ја политичката моќ успеа со низа притисоци да го преземе здружението. Се виде и од аудио снимките дека Антонио ја користел својата позиција да нанесува штета на луѓе за сопствена корист. Влијаел на судии, на сведоци за да го добие тоа што го сака.

Во време на владеење на ВМРО ДПМНЕ во 2011, Милошоски беше гаси и пали во Кичево. Во здружението за возачи што незаконски го преземаа вработени беа членови на семејствата на Управниот одбор само за да им помине кражбата.

Братот на Антонио, Александар пак успеа да извади голем дел од средствата на здружението. Новинарката што пишуваше за нашите маки заврши на суд со него и изгуби затоа што Моќник може се да направи.

Во 2010 година Милошоски го започнува походот за нашето здружение отворајќи нова компанија за технички преглед БРЕКОН, каде татко му е еден од двајцата управители. Откако беше изменет законот за технички преглед, здруженијата за возачи имаа за опција да отворат фирма како дел од здружението или посебно. Е па во Кичево, не се чекаше туку фирмата БРЕКОН го презема здружението на возачи што во принцип е невозможно на легален начин. И не само тоа, Милош Милошоски не можеше да биде управител на здружението со завршено средно образование за машинобравар, за таа позиција потребно е да има правен или економски факултет и лиценца од МВР. И нормално и тоа не се испочитува. Еден по еден не избрка сите од работа по преземањето на Здружението.

Од нас бараа да дадеме отказ и да бидеме вработени во БРЕКОН, ние одбивме. За разлика од нас екс благајникот на Здружението имаше ист случај, се жалеше во Кавадарци каде го доби судскиот спор но никогаш не беше вратен на работа. Нас судот во Кичево нѝ пресуди дека не сме во право. И тогаш прашавме и еве сега, како може два различни суда за иста работа да пресудат различно. Одговорот после аудио бомбите е јасен – замешал прсти Моќникот од Кичево.

Ние баравме да бидеме вратени на работа и поднесовме кривична пријава до Здружението и Брекон и се разбира ништо не се случи. Да имаш моќ да средиш се во твоја корист на сметка на човечки животи е навистина безобразно.

Да биде целава приказна пострашна, братот на Антонио, Александар станува управител на Сојузот на возачи на Македонија. На вонредна седница на нелегитимни претставници беше избран за управител, а тогаш сите здруженија се побунија. И пак залудно.

Колку имале врски во судовите покажува податокот дека ако со завршна сметка на здружението е утврдено кусок во 2008 година, како може судот да каже таков нешто не постои. Судот да негира официјален документ од државата?!

Во здружението оставивме сметка полна со половина милион евра, а беше задолжено со 300.000 евра. Прашуваме каде отидоа сите пари? Дали некој извршил проверка на работењето? Како успеа Милошоски да уништи се пред себе за да се збогати.

И сега не прашувате зошто сега излегуваме со ова, затоа што сакаме правдата да биде испочитувана.  Сеуште имаме неисплатени плати,дупка во стаж, нервози, починати луѓе како последица од стресот.Поминавме голгота по судови. Ниту една судска постапка не заврши во наша полза поради влијанието на неговиот син Антонио Милошоски. Бевме сведоци во јавноста дека тој заедно со неговиот татко правеа притисок врз судии и покажуваа моќ во Кичево долги години.Бараме надлежните институции да го испитаат целиот случај и да покренат нова истрага за Кичевското Здружение.Се обративме и до обвинителката Вилма Русковска и очекуваме предметот да се процесира.

Се надеваме дека после 11 години правдата ќе излезе на виделина.

Ви благодариме за присуството. Спасе Србиноски-поранешен вработен во Здружението на Возачи Кичево

Next Post

Филипче: Од утре продолжува полицискиот час од 22 до 05 часот

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk