ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Исклучи се, за да се поврзеш

March 22, 2021 14:58
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Дали некогаш сте забележале непријатно чувство откако сте изгледале бројни „stories“ на Инстаграм? Дали сте се нашле во ситуација во која се чувствувате непродуктивно, инертно или недоволно добри, само заради некоја објава на некој од вашите „пријатели“ кој се пофалиле за некое свое достигнување? Ако да, застанете во редот и добредојдовте во клубот на „Освестени корисници на социјалните мрежи“.

Студирав Медиумски и комуникациски студии на Универзитетот во Љубљана. Се запишав на тој факултет затоа што бев фасцинирана од моќта на медиумите, замавот на дигитализацијата и како истата од корен го промени нашиот свет. Денес, неколку години по дипломирањето, сè уште се вчудоневидувам како професорите успеаја од нас да направат од ентузијасти и љубители, да станеме страствени критичари кон сè што е поврзано со виртуелниот свет.

Кога сме веќе кај ирониите, токму од мене не би се очекувало да се оддалечам од социјалните мрежи, а сепак, еве ме, во обид да ги споделам придобивките од тоа да се направи пауза од оние платформи на кои поминуваме најмногу време.

Ова не е уште еден „Избришете го својот Инстаграм профил и животот драстично ќе ви се промени“ текст. Ова е искрено, емпатично согледување на ефектите кои овие мали, блескави и примамливи апликации во нашите телефони ги имаат врз нас.

Прво и најважно, не сте сами во ова. Сите го земаме телефонот во раце околу 64 пати во денот за да провериме што има ново, дали некој ни пишал и дали пропуштаме нешто мега важно. Не сте сами ниту во тенденцијата да објавите убави моменти од вашиот живот, без разлика што всушност, зад таа слика стоjат низа неубави моменти, не-толку-прекрасен изглед, и уште некоја сопка од животот. Ама, важно е дека на сликата сте насмеани, прекрасни, и (навидум) безгрижни. Така правите вие, така правам јас и така прават речиси сите. И така ја создаваме анксиозноста, зависта, љубомората и незадоволството. Социјалните мрежи не се најдобро место за грижа за менталното здравје, тоа треба да го негуваме на некое друго, помалку виртуелно а повеќе реално место – не преку екранот, туку самите со себе и со најблиските.

Пауза, т.е. прочистување од социјалните мрежи значи дека она време што вообичаено го поминуваме скролајќи маратонска километража по „news feed“, сега ќе го имаме за себе. Се жалиме дека немаме време за толку многу работи, а многу од нас не се свесни колку од нашето време всушност го користиме (или подобро: трошиме) на мобилните телефони. Ги охрабрувам сите да ја искористат алатката на својот паметен телефон, и да измерат колку време дневно поминуваат на истиот. Ќе бидете изненадени, ви ветувам. Вистината е дека кога ќе ги паузирате или деактивирате своите социјални мрежи, телефонот ќе го користите само за неговата првичната функција: да се чуете со вашите луѓе. Ништо повеќе.

Што значи секојдневие без социјални мрежи? – Тоа значи дека конечно ќе имате време да ја напишете магистерската што ја влечете година-дена. Тоа значи дека ќе се погрижите за своето тело – со прошетка, вежбање, можеби испробување на нов спорт или медитација. Тоа значи дека за промена, интернетот ќе го искористите практично и ќе завршите некој курс кој ќе ви го збогати знаењето и CV-то. Секојдневие без социјални мрежи значи дека појадокот ќе си го направите за ваш мерак, а не да биде атрактивен за на „story“. Тоа значи дека ќе станете повеќе свесни и присутни во моментот. Тоа значи дека нема да имате барем неколку дистракции на вашиот фокус дури работите. Значи дека ќе одите на места каде што сакате да одите затоа што ви годат и ви се пријатни, а не затоа што се „ин“ и е пожелно да објавите слика од истите.

Привремена пауза од социјалните мрежи значи повеќе време за вашите сакани, значи дека кога ќе се разбудите, првата работа што ќе ја направите нема да биде тоа да го погледнете телефонот, туку ќе ѕирнете низ прозорецот и ќе му се израдувате на сонцето, ќе поминете време со вашето милениче или со вашата личност, или ќе прочитате некоја страна од книгата што конечно ја почнавте.

Ве охрабрувам да направите план и привремено да ги избришете овие апликации од вашиот телефон на кои трошите најмногу време. На пример, дозволете си да поминете 7 дена без Инстаграм и Фејсбук. Сметам дека овие се најголемите виновници за лажното репрезентирање и нереалната слика која ја имаме за тоа што е убавина, што е среќа и што ни е потребно за да бидеме исполнети. Ви давам збор дека иако кратко, ова искуство ќе ви биде поучно и просветлувачко. Ќе забележите дека подигнување на телефонот ви е всушност махинална репетитивна активност, ќе забележите дека комуникацијата со некои луѓе тотално ќе престане (и тоа е во ред), ќе се освестите до кој степен сте зависни од овие апликации и најпосле, ќе сфатите дека тоа што вреди, тоа што навистина, искрено вреди, е покрај вас и во вас. Социјалните мрежи немаат ништо со тоа.

Со други зборови, кога ќе ги паузирате овие платформи, ќе посветите повеќе време на други работи кои ги сакате. Вистински, позитивни, продуктивни работи кои ќе бидат како терапија за вашето ментално здравје. Како да сте излегле на свеж воздух после долг, напорен и исцрпувачки состанок. И не, нема да се осмелам никому да му речам дека е најдобро да се откаже од овие мали ѓаволчиња на долг рок – знам дека цената за тоа е неправедно висока. Само верувам и ве уверувам дека секој може да си дозволи одвреме-навреме да го паузира овој виртуелен свет за да се потсети каде е, кој е, што вреди, а што не. На крајот од денот, сите целиме кон истото; да бидеме присутни во моментот, блиску до своите сакани и благодарни за тоа што го имаме и сме. Сè друго е неважно или, ако смеам, виртуелно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk