Забраната за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар е укината, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Останува забраната за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка, каде се препорачува задолжителна зимска опрема и за останатите возила.
Претходно, беа укинати забраните за камиони на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека и патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.
извор: МИА