Владата донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија.
Самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис 2021, на 21 април, известуваат од Државниот завод за статистика.
„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за сите граѓани. Еден од мeханизмите е и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување кој за оваа 2021 година е предвиден во вредност од 1,5 милијарда денари, односно околу 24,5 милиони евра, преку кој ќе бидат опфатени 10.279 лица.“, истакнуваат од СДСМ.
Грција соопшти дека од 5 април ги укинува рестрикциите за летови меѓу Грција и Северна Македонија, Албанија и Турција. Летовите од земјава од овој датум ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше случај до сега.
Етапната исплата на мартовските пензии почнува од 29 март. Владата на 57-та седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за овој месец и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување најдоцна до 26 март да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.
„Ние сме НАТО“ веќе не е само парола туку реалност, истакна вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи од Брисел, во рамки на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, упатени беа честитки за првиот роденден од членството во НАТО.
ФРОНТ:
Потрошениот шарм на Захариева – пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ
Индиското Министерство за здравство денеска соопшти дека е откриен нов вид коронавирус во земјата, покрај многуте други варијанти што се предмет на загриженост, а се откриени во странство, пренесуваат британските медиуми.
М. Миткоска




