По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa, информираат од Министерството за здравство.
Од независното студио за игри Workbench Entertainment, креатори на хорор играта „Wounded“, доаѓа првата македонска кооперативна видео игра која овозможува учество на повеќе играчи. Подготовките за објавување на „Wolfsbane“ привршуваат и наскоро се очекува да биде соопштен конечниот датум кога играта ќе пристигне на дистрибутивните платформи како Steam.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги повика своите сограѓани да се вакцинираат против Ковид-19. Ако некој сака да се чувствува сигурно, не сака да се разболи и да има тешки последици после болеста, тогаш најдобро е да се вакцинира, наведе Путин.
Владата на Словенија денеска ги прифати препораките на епидемиолозите за построги мерки поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19. Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните фирми.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на првата трка во новата Формула 1 сезона возена вечерва за Големата награда на Бахреин. Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а трет беше Валтери Ботас од Мерцедес.
М. Миткоска




