ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Препорака на француските здравствени власти: Лицата под 55 години кои примиле прва доза од вакцината Астра Зенека, да добијат втора доза од Фајзер или Модерна

April 9, 2021 10:29
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Француските здравствени власти препорачаа пренасочување на лицата кои ја примиле првата доза од вакцината Астра Зенека кон другите вакцини за втората инјекција, односно Модерна и Фајзер, јави дописникот на МИА.

Точно 533.302 лица на возраст под 55 години во Франција кои ја примиле првата доза на вакцина Астра Зенека помеѓу саботата 6 февруари до сабота на 13 март, се очекува да ја добијат својата втора инјекција со РНК вакцина, односно оние произведени од Фајзер и Модерна.

Предвидувајќи го објавувањето на мислењето, министерот за здравство Оливие Веран изутринава процени дека оваа препорака е „целосно логична“, нагласувајќи дека станува збор за мерка на претпазливост која не е конечна и може да се развива врз основа на нови податоци.

На 15 март, суспензијата на вакцината на англо-шведската фирма ја објави претседателот Емануел Макрон, по синџирот на слични одлуки во неколку европски земји, по појавата на случаи на сериозни тромбоемболиски настани кај вакцинирани лица.

Доколку администрацијата на вакцината продолжи во Франција, неколку дена подоцна, во согласност со поволните заклучоци на Европската агенција за лекови (AEM), францускиот здравствен орган препорача, според своето мислење од 19 март, да се резервира вакцината за над 55 години . Прашањето кое се постави, што со лицата под 55 години кои веќе се вакцинирани со првата доза на Астра Зенека. Тоа стана итно, бидејќи првите лица кои требаше да се вакцинираат со втората доза се закажани за во средината на април, а втората доза треба да се инјектира во рок од дванаесет недели.

Оваа втора инјекција првенствено се однесува на медицинскиот персонал на кои им е отворен пристапот до вакцината Астра Зенека на 6 февруари во центрите за вакцинација.

Изутринава на радиото РТЛ, министерот за здравство Оливие Веран потсети дека „билансот на ризик-корист“ околу оваа вакцина беше „многу, многу поволен“.

-Сметајте дека имате 0,2 лица од 100 000, односно две лица во милион, кои можат да имаат потенцијално сериозен несакан ефект, увери министерот за здравство.

Тој исто така истакна дека, од друга страна, „еквивалент на 1000 луѓе, во оваа возрасна група, може да претстави сериозни форми на Ковид.  -Имате статистички многу поголем ризик, но навистина, навистина поголем, да имате компликации од Ковид отколку да имате несакани ефекти од вакцината.

Според едно испитување дури 71 отсто од Французите немаат доверба во вакцината на Астра Зенека.

Next Post

Захари Христов од БСП: Треба да се избегне јазикот на омразата, комисијата треба да ја оставиме да си ја заврши работата

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk