ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Бангладеш, ОАЕ и Индонезија

April 9, 2021 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видео-врска со новоименуваните амбасадори на Бангладеш, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија во земјава, по повод предавањето на акредитивните писма, кои поради пандемијата на Ковид-19, ги доставија по писмен пат.

– Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Бангладеш, Мд. Дауд Али, претседателот Пендаровски упати честитки по повод 50 годишнината од независноста на Бангладеш и посочи дека и покрај географската оддалеченост двете земји негуваат традиционално пријателски односи. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е подготвена за интензивирање и јакнење на соработката со сите земји од Јужна Азија во областите од взаемна корист и интерес, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати, Омар Обаид Мохамед Алхесан Алшамси, пак, претседателот Пендаровски му посочи дека инвестициските проекти на ОАЕ во регионот позитивно влијаат на економскиот раст и изрази благодарност за помошта од ОАЕ во справување со пандемијата на Ковид-19.

– Како партнерска земја на НАТО, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за унапредување на соработката во сферата на безбедноста со Обединетите Арапски Емирати и ја поздрави нивната конструктивна улога во обезбедувањето на стабилноста на Блискиот Исток. Во годината кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи, соговорниците изразија очекување дека одличното ниво на дијалог ќе продолжи со иста динамика и во иднина, рекол претседателот Пендаровски.

Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Индонезија, Иван Богананта, претседателот Пендаровски изрази задоволство од билатералните односи засновани на меѓусебно разбирање и пријателство, како и интерес за натамошен развој на политичкиот дијалог и унапредување на економската соработка преку инвестициските можности.

На средбата е истакната подготвеност и за продолжување на одличната соработка на меѓународен план, особено во рамки на Обединетите Нации. Етничката и културната разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, посочи претседателот Пендаровски, се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за унапредување на меѓусебните контакти и размена на искуства.

На новоименуваните амбасадори претседателот Пендаровски им посака успешно извршување на должноста и изрази очекување дека нивното дипломатско искуство ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка.

извор: МИА

Next Post

Ромите од Кочани незадоволни од спречувањето на изградбата на објекти за семејствата од Старата касарна

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk