ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Николовски-Сугарески: Воспоставувaме систем за ефикасна борба против корупција на сите нивоа, сите институции мора да бидат во служба на граѓаните

April 9, 2021 15:24
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески, беа во посета на граничниот премин Деве Баир, кадешто одржаа работен состанок со управителот на граничниот премин.

На состанокот се разговараше за улогата на Царинската управа во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал, за мерките од усвоениот План за борба против корупција, како и за  отворената  линија на Царинска управа за пријавување на корупција.

Вицепремиерот Николовски посочи дека Царинската управа е една од институциите којашто има значајна улога во превенцијата и сузбивањето на  корупцијата и криминалот.

„Борбата против корупцијата бара активна улога на сите чинители на системот преку инвoлвираност и здружување на целокупните капацитети во општеството, како и преку соодветни ефикасни кривични постапки и постапки за испитување на имотната состојба и конфискација на имотната корист стекната преку кривични дела. Никој не е недопирлив во системската борба против корупцијата и криминалот. Сите институции мора да бидат во служба на граѓаните. Воспоставувaме  систем за ефикасна и севкупна борба против корупција на сите нивоа и во сите сфери преку зајакнување на соработката меѓу институциите надлежни за борба против корупцијата. Една од институциите којашто има значајна улога во превенцијата и сузбивањето на  корупцијата и криминалот, е Царинската Управа“, рече вицепремиерот Николовски.

Директорот на Царинска управа, Сугарески, посочи дека Упрвата преку своите механизми, а во насока на откривање и казнување, континуирано се собираат информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност, преку отворената бесплатна царинска линија 197, он лајн или со електронската пријава поставена на официјалната веб страница и- по писмен пат.

„ Како резултат на кампањата „СТОП за КОРУПЦИЈАТА“ која се спроведува од април 2018 година, зголемен е бројот на примени поднесоци во 2020 година, споредбено со 2017, 2018 и 2019 година. Покрај овие активности Царинската управа спроведува и анкети, внатрешни и надворешни , со кои се мери нивото на изложеност на злоупотреба на службената должност и појава на коруптивни активности. Резултатите и анализите од овие анкети се користат како основа за креирање на политката на спречување на копрупцијата и судир на интереси, јакнење на интегитетот на ЦУ и истите придонесуваат за правилно одредување на идните конкретни активности во областа на борбата против корупција“, рече директорот Сугарески.

Вицепремиерот Николовски на состанокот ги презентираше мерките од Планот за бобра против корупција, како и идините планирани активности кои како системски мерки ќе придонесат во борбата против корупцијата и криминалот. При тоа вицепремиерот потенцираше дека  акциите што ги презема Царинската Управа се особено важни за навремено откривање и спречување на нелегална трговија, неплаќање на давачки, корупција, криминал – се она што  е  погубно за економијата и трговијата со меѓународните партнери. Спречувањето на овие појави особено на граничните премини, е еден од  приоритетите на Владата, и затоа во координација со Царинската Управа, активно се работи на системски мерки и активности за спречување на појава на корупција и криминал, рече вицепремиерот Николовски.

 

Next Post

Секоја година, 5.200 тони вселенски прав паѓаат на Земјата

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk