Американската амбасада во Скопје работеше заедно со Министерството за внатрешни работи и даде техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ земјава. Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка, велат од Амбасадата на САД.
Денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките, како се загрозува јавното здравје, како заболените и починати лица се злоупотребуваат во дневнополитички цели, вели Стефан Васев од СДСМ.
Според Министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на возрасните граѓани, задравствените работници, полицајците, армијата, учителките, воспитувачките, возачите во ЈСП,…
Нови 1.092 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 5.569 направени тестирања. Истовремено регистрирани се и 32 починати, но и 2.002 озравени лица.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Тоа го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ.
Фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД да ја прошират употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години по итна постапка.
Ј. Ѓ.