ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Следната седмица Грција започнува имунизација и со вакцината на Џонсон и Џонсон

April 12, 2021 18:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во среда Грција ќе ја добие првата пратка од 33.600 дози од вакцината Џонсон и Џонсон, а од понеделник и оваа вакцина ќе биде вклучена во процесот на имунизација во земјата, во кој досега е постигнатата 14 отсто имунизациска покриеност со првата и седум проценти со втората доза, соопшти генералниот секретар на Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.

На редовната прес конференција за операцијата „Слобода“, односно имунизацијата во земјата, Темистоклеус рече дека досега во Грција се спроведени 2.212.000 вакцинации, 1.428.000 граѓани ја примиле првата доза од вакцината (14 отсто), а 743.000 лица веќе се ревакцинирани, односно седум отсто имунизациска покриеност.

Темистоклеус соопшти дека во петок ќе започне пријавувањето за вакцинација на лица од 18 до 59 годишна возраст со хронични болести, на 21 април, платформата ќе се отвори и за просветните работници и лицата на возраст од 55 до 59 години, а три дена подоцна и за оние од 50 до 54 години за да закажат термин за имунизација.

Од саботата, пак започна пријавување за вакцинација на граѓани на возраст од 60 до 64 години.

-Се надеваме дека ако сè оди по планот и компаниите ги почитуваат роковите за достава, во следниот период ќе отвориме и други возрасни групи, за во јуни да можеме да вакцинираме и помлади сограѓани, рече Темистоклеус.

Процесот на имунизација во Грција се врши со вакцините на Фајзе, Модерна и Астра Зенека, која е наменета за лица над 30 години.

извор: МИА
Next Post

Тедрос: Ковид-19 за неколку месеци може да се стави под контрола со почитување на мерките

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk