ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ФИТР и Силк Роуд Банка со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании

April 16, 2021 11:14
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании. 

Имено, банката преку пакетот на производи „Bizz Up“, креиран со поддршка од Европската унија и Европскиот Инвестициски Фонд преку гарантната шема EaSI, овозможува финансирање на микро и мали претпријатија, компании во фаза на развој и стартап компании. На компаниите на располагање им стојат различни производи и услуги, како дозволено пречекорување на сметка, кредити за обртни средства и инвестициски кредити, со привилегирани пониски каматни стапки од редовните.

„Ме радува што иницијативата на ФИТР за зголемена соработка со банкарскиот сектор со цел олеснувања за апликантите на Фондот, даде брзи резултати и интерес од банките. За неполн месец, Силк Роуд е втора банка преку која на компаниите им овозможуваме да добијат нови олеснувања при обезбедување на финансии за сопствениот удел при аплицирањето. Имаме голем број планирани годишни активности и очекувам новата соработка да придонесе за зголемен број на доставени предлог проекти на јавните повици на ФИТР“, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој. 

Дополнително, како поддршка за овие компании Силк Роуд Банка нуди и  бројни привилегии за компаниите апликанти, и тоа: без надоместок за одржување на денарска трансакциска сметка во првите три месеци, одобрување на дозволено пречекорување на трансакциска сметка без дополнителни провизии, бесплатно користење на електронско банкарство со можност за вршење на плаќања во траење од еден месец, Visa бизнис картичка без годишна членарина, пониски провизии за плаќања во домашен платен промет, пониски каматни стапки за денарски кредити, како и можност за кредитни картички од брендот American Express.

 „Откако минатата година го потпишавме договорот со Европскиот Инвестициски Фонд врз основа на кој го креиравме пакетот за микрофинансирање Bizz Up, денес ни претставува задоволство што го потпишуваме Меморандумот за соработка со ФИТР за олеснет пристап до финансии на иновативните комапнии. Со потпишувањето на овој Меморандум, ја засилуваме нашата поддршка за микро и малите претпријатија, старт ап компаниите и компаниите во фаза на развој преку понуда на атрактивни банкарски продукти со зголемен број на поволности и значително пониски трошоци од редовните. Сигурни сме дека заеднички во соработка со ФИТР во следниот период активно ќе допреме до сите иновативни компании во државата кои што имаат потреба од финансии и поддршка за реализирање на нивните бизнис планови и идеи. Иновативните проекти полека стануваат двигател на македонската економија и развој на општеството во целина, а Силк Роуд Банка продолжува со засилени активности за поддршка на овој тип на компании“, изјави Игор Димитров, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка АД Скопје.

 Во следниот период Силк Роуд Банка во соработка со ФИТР ќе организира едукативни работилници и промотивни активности за можностите за финансирање на компаниите кои ги нуди пакетот „Bizz Up“. Со ова  ќе се овозможи  полесен пристап до финансии, максимално искористување на потенцијалот на најдобрите иновации во нашата земја, зголемено присуство на иновативни проекти во бизнис секторот и освојување на странски пазари од страна на домашните компании. Повеќе информации за пакетот може да се видат на следниот линк.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk