ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на онлајн средба со претставници на ОН: Реформските процеси во образованието ги продолжуваме со силна поддршка на меѓународните партнери

April 16, 2021 15:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформските процеси во образованите ги продолжуваме со силна поддршка на агенциите на ОН. Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот онлајн состанок со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија и претставници на неколку агенции од системот на ОН, укажа на реализацијата на новиот образовен модел кој има за цел секое дете да го постигне својот полн потенцијал. Од септември се воведува новиот концепт на учење во прво и четврто одделение, а за таа цел веќе се објавени огласите за изработка на материјали за учење и за илустрација на содржините. Во собраниска процедура е новиот Закон за учебници како и измените на Законот за наставници и стручни соработници, кои се дел од реформскиот пакет.

Министерката Царовска зборуваше и за унапредувањето на средното стручно образование. Преку процесот „Учи паметно, работи стручно“ работиме на подигнување на свеста за важноста на овој тип на образование. Со новиот конкурс за упис во средно образование во учебната 2021/2022 отворени се 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Подобрена е политиката на стипендирање, обезбеден е фонд за 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од околу 60 милиони денари, што е 10 кратно зголемен буџет во однос на минатата учебна година.

 

Министерката наведе дека за првпат од следната учебна се воведува услугата образовна асистенција која е предуслов за обезбедување на инклузивно образование и таа ќе се финансира преку Буџетот на МОН. За оваа услуга изготвени се нормативи и стандарди и дадени се описите на компетенциите и работните задачи, а во наредниот период ќе се организираат обуки за тренинг на тренери, кои понатаму ќе испорачаат обуки за идните образовни асистенти.

 

Претставниците на ОН агенциите ја нагласија целосната посветеност на соработка во насока на поддршка и координација на развојните и реформски процеси кои се реализираат во Министерството за образование и наука.

 

Next Post

Заев: Има пари во Буџетот за петтиот пакет мерки

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk