ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата

April 16, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Законот важи еднакво за сите. Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го случајот со набавката на софтверот за контрола на сообраќајот.

– Уште еднаш се потврдува за сите наши граѓани и институциите дека нема недопирливи пред законот, некој што бил генерален секретар до есента, сега до вторникот секретар во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите. Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, изјави Заев.

Никој не е виновен, посочи Заев, додека не му се докаже вината и треба да ја почитуваме пресумпцијата на невиност.

– Сум потврдил и проверил, генералниот секретар Мухамед Зеќири ги доставил сите податоци од постапката за јавна набавка, до доказите за тестирање на системот, до неговата употребливост и слично, како е завршена постапката, дополнителните барања и Јавно обвинителство и Антикорупциска, се испорачани. Секако пресумпцијата на невиност ја почитуваме, но истовремено нема недопирливи во државата, изјави Заев.

Јавната набавка, посочи Заев, е спроведена согласно Законот за Влада, согласно Деловникот за работа на Влада и врз основа на анализи.

– Од тоа што јас го знам постапката за набавка е спроведена целосно согласно закон, ама на крајот е судот тој што треба да пресече за таа работа. Конечна е пресудата и таа е неприкосновена. Но, тоа што го знам е дека е согласно закон, согласно Деловникот за Влада, и системот е тестиран. Имаме 160 жртви од сообраќајни несреќи и целта е да ги преполови и ако може и да ги нема. По сите анализи и студии, државата од сите тие сообраќајни несреќи губи повеќе од 220-30 милиони евра. Сето тоа е причината зошто се правеле вакви анализи, изјави Заев.

Посочи дека, нема софтвер на Рашковски, туку дека тој патентирал систем, што е добиен и направен од ФИНКИ и уште една фирма на тендер, согласно планот за јавни набавки.

– Можеби сум пристрасен, можеби не, но затоа постојат независни институции да го утврдат тоа. Важна е пораката, што треба сите да ја сфатиме, дека никој не е недопирлив во државата. Законот важи еднакво за сите и притоа треба да знаеме, дека никој не виновен додека не му се докаже вината, изјави Заев.

Затоа, посочи тој, многу е важно сите овие вредности, што последните години ги гледаме со конечни пресуди, истраги и независност во правосудните органи во нивното делување, да ги одржиме и охрабриме да јакнат во својата независност и капацитет.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 908 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk