ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Постигнат договор за државјанствата, неизвесна работата на Собранието

April 17, 2021 09:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе се одблокира и кога ќе бидат ставени пред пратенциите на пленарна седница петиот пакет антикризни мерки и точките усогласени меѓу власта и опозицијата.

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши по средбата во Собранието вчера изјавија дека е постигнато решение, а деталите ќе се соопштат откако ќе се стават на хартија.

-Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија, рече Заев.

Според лидерот на Алијанса за Албанците, Села повеќе детали за законот за државјанство ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела.

– Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем. Затоа продолжуваме да сме на добар пат за решавање на овој проблем и се надевам дека многу брзо на почеток на следната недела ќе излеземе заедно со нашиот последен и финален став, кој ќе биде достапен и за јавноста да се знае кои се прашањата за кои сме се согласиле, секогаш водејќи се од идејата дека е важно да се реши проблемот, а не да говориме добри и големи зборови, рече Села.

Во принцип на секој човек што е роден во Република Македонија, матична држава му е Македонија, ја појасни Села позицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Измените на законот треба да биде основа за добивање државјанство, вели тој, потенцирајќи дека нивната позиција е на сите што се родени тука да им се констатира дека се државјани на земјата.

Од ДУИ тврдат дека во изминатите години ги олесниле и поедноставиле процедурите за добивање државјанство. Досега, според нив, во постапка за стекнување со државјанство се 2.674 лица од кои помалку од половина се Албанци.

По постигнатиот договор за државјанствата, нема најави кога усогласените точки, а особено пакетот анти-кризни мерки ќе бидат изгласани во Парламентот

За тоа дали ќе се донесе петтиот сет анткризни мерки, премиерот Заев тврди дека има пари во Буџетот за петтиот пакет мерки.

– Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината, изјави Заев. Најави дека се работи на шестиот пакет мерки кој ќе биде насочен кон угостителскиот сектор кој поради рестриктивните мерки не работи во овој период.

Во однос на завчерашните случувања во Парламентот, каде требаше да се донесе петтиот пакет антикризни мерки, Заев упати одговорите да се бараат кај претседателот на Парламентот, замениците и координаторите на пратеничките групи.

Засега останува неизвесно кога ќе бидат одржани седниците на кои треба да бидат изгласани законските решенија од пакетот анти-кризни мерки, како и другите точки усогласени на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и со лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за законот за државјанство.

По завчерашните повеќечасовни расправии за тоа како треба да продолжи да работи законодавниот дом, седница вчера не се одржа. На собраниската веб-страница следната пленарна седница – 39-та е закажана на 21 април, но на дневен ред не се пакетот антикризни мерки и усогласените прашања меѓу власта и опозицијата.

извор: МИА

Next Post

Асоцијација ИВАП на средба со вицепремиерот Битиќи

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk