ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Над 10 милиони евра за поддршка на туристичко угостителскиот сектор

April 20, 2021 16:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 10 милиони евра во шестиот пакет на економски мерки ќе бидат наменети за помош на туристичко угостителскиот сектор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Како што почнавме со поддршка на туристичко угостителскиот сектор така продолжуваме. И во овој пакет се предвидени мерки кои ќе бидат еднократна помош или во облик на грант. Угостителските компании кои се регистрирани со шифра на приоритетна дејност 56.10, 56.29, и 56.30 ќе добијат директна помош од 30 отсто од просечно прикажаните приходи за 2019, вклучувајќи ја и 2020 година. Дополнително на тоа ќе добијат и еднократна помош во износ од 15.200 денари за секој вработен во нивните субјекти, рече Бектеши.

На  угостителските објекти, додаде тој, кои се основани во текот на 2020 година како просек ќе им се зема периодот од денот на основање, па се до првиот квартал на 2021 година за да се утврди висината на помошта што ќе им се даде.

– Со директна финансиска поддршка ќе бидат поддржани и туристичките агенции иако немаше одлука на Владата за нивно затворање. Сите лиценцирани агенции со Б лиценца, кои имаат од еден до три вработени, ќе добијат до 2.000 евра, а со А лиценца, со четири или повеќе вработени, најмногу 5.000 евра еднократна помош, истакна Бектеши.

Тој нагласи дека се во постојана координација со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и будно ја следат ситуацијата и ако е потребно, додаде, повторно ќе излезат во пресрет.

Министерот потсети дека и во претходните пакети на мерки, главно во четвртиот пакет, за овој сектор беа одвоени околу 10 милиони евра. Средства беа доделени за, како што посочи Бектеши, ваучери за домашен туризам, враќање на уплатена туристичка такса, директни грантови за туристички агенции агенции, кофинансирање на настани и конференции, грантови за категоризирани ресторани за свадби, за игротеки и за лиценцирани туристички водичи.

Прашан дали и годинава се планира да се доделуваат туристички ваучери за домашен туризам од 6.000 денари за граѓаните со пониски примања, Бектеши рече дека во текот на мај ќе биде објавен нов повик за тоа.

– Сите работници со ниски приходи, чии месечни примања не надминуваат 30.000 денари по семејство, ќе можат да аплицираат на повикот и да добијат соодветни ваучери. Тоа е редовна програма која ја имплементира Министерството за економија за поттикнување на домашниот туризам. Ќе биде објавен во првата половина на мај за да можат да ги користат одморите. Директна финансиска поддршка ќе има и во петтиот пакет на мерки, кој сега ќе почне да се реализира, и за хотелските капацитети кои беа надвор од туристичките центри и не можеа да ги користат ваучерите кои се издадоа од Министерството од претходната година кои главно се искористија во регионите на Охрид и Струга и некои други туристички дестинации. За тие што биле изоставени предвидена е сума од еден милион евра, потенцира Бектеши.

Како што појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на угостителските објекти кои се затворени веќе 21 ден со одлука на Владата ќе им се пресметува 30 отсто за деновите во кои се затворени, а за угостителите кои бе затворени подолг временски период ќе се зема само месечниот просек за 2019 година и ќе добијат чисти 30 отсто од месечниот приход плус еднократна помош за бројот на вработени кои го имале за 2020 година. Пресекот на вработени за тие угостителски објекти кои сега се затворени е 6 април 2021 година, а за тие кои се подолг временски период затворени е крајот на 2020 година.

извор: MИА

Next Post

Видео-средба на претседателот Џафери со Бергман и Броз

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk