Престижното списание Глобал брендс (Global Brands Magazine), ја прогласи Халкбанк АД Скопје од страна на прогласена за „Најдобар финансиски бренд, Северна Македонија за 2021“ (Best Financial Brand, Nort Maceronia 2021).
Како што стои во образложението на наградата, во многу конкрентна група учесници кои имаат демонстрирано единствена и исклучителна испорака на услуги кон развој на банкарскиот / финансискиот сектор, Халкбанк е препознаена како најдобар финансиски бренд поради исклучителната посветеност кон иновации, квалитет, активности за брендирање, услуги на клиенти и перформанси.
-За Халкбанк, прогласувањето за најдобар бренд претставува потврда за лидерството во воведување нови технологии и услуги, како и за квалитетната и посветена работа и настојување да се обезбеди висок квалитет на услугите, што е препознаено и од клиентите, велат од Халкбан која годинава одбележува 10 години успешна работа на македонскиот финансиски пазар и е една од четирите најголеми банки во земјава.
извор: МИА













































































































