ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Мора да се почитува законот и параметрите на ГУП, за три недели нормализација на работата на Парламентот, дигитализацијата на услугите од јавните институции позитивно оценета во извештај на ЕК

April 23, 2021 20:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Четврта година по ред ја предводиме листата за спроведување и имплементирање на политиките препорачани од Европската комисија, а еден од факторите за тоа е дигитализацијата на услугите, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) по објавувањето на извештајот на ЕК  „Работен документ на Комисијата за Програмата за економски реформи за 2021-2023 година за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција“.

Со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, којшто беше усвоен на 40-тата владина седница, Владата најде решение за еден сериозен децениски проблем за кој реагираа граѓаните. Согласно Законот за преземање административни службеници, 1.349 вработени според програмата за правична застапеност конечно се распределуваат на конкретни работни задачи во вкупно 237 институции. Тоа не се нови вработувања туку станува збор за решение со кое државата конечно обезбеди конкретни ангажмани за вработени лица кои со години беа причина за незадоволство кај јавноста од една страна, а кои во исто време не добиваа никакви работни задачи од институциите, од друга страна.

Две третини од пратениците се вакцинирани до 16 часот. Немам информации уште колку се вакцинирале до 18 часот. Но, интересот за вакцинација кај пратениците е голем, вели Џафери.Тој не сакаше да ја коментира изјавата на пратеникот Павле Трајанов дека меѓу парламентарците „постои разочарување“ што биле вакцинирани со „Спутник В“, а им било ветено дека ќе добијат вакцини од „Фајзер“.

Според Шилегов, согласно договорот којшто е склучен, Вардар е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко, т.е. на ракометниот клуб Вардар, и е купен за 5 милиони денари, со сите акции: „Таму има една можност тој договор да се раскине, ако не се почитува во наредните 10 години. После 10 години не може ни да се раскине. Значи, зборуваме повторно за приватна сопственост…“.

Ова е трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк“ при што досега се подготвени 300 оброци. За денешната подготовка на топли оброци, првпат е обезбедена донација од намирници, а поради претстојните велигденски празници, менито вклучува посна храна.

Мора да се почитува законот и параметрите од Генералниот урбанистички план и со нив да се усогласат деталните урбанистички планови. Тоа е нешто што треба да го сработат урбанистите, смета градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за проектот „Гранд“ предвиден на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“.

Next Post

Државниот пазарен инспекторат ќе добие и нови 15 вработувања, настрана од вработувањата според правична застапеност

НАЈНОВО

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

November 7, 2025

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби

November 7, 2025
Македонија Членство во ЕУ

ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk