ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ди Џовани: Мора да продолжиме со висок опфат на редовна имунизација против детските болести

April 29, 2021 10:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По една година ограничувања на движењето, празни училници и откажани семејни собири, луѓето од целиот свет почнуваат да се вакцинираат против КОВИД-19 или го чекаат својот ред за да се вакцинираат.  Сите знаеме дека вакцините даваат најголема надеж за продолжување со нормален живот и за наше повторно зближување. Сега кога вакцините се во мислите на секој од нас мора да запаметиме дека редовните вакцини за децата играат клучна улога за децата да може да се играат и да бидат заштитени. „КОВИД-19 предизвика прекин во спроведувањето на многу услуги за децата, но надежно е тоа што побарувачката и реализацијата на редовната вакцинација на децата во голема мера остануваат непроменети. За многу семејства, вакцинацијата е влезна точка во здравствениот систем која обезбедува можност за спречување, откривање и лекување на здравствени состојби и унапредување на доброто здравје.

Ова го истакна Патриција Ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ, по посетата на поликиниката Ѓорче Петров во која се вакцинираат деца од три општини во Скопје

-Паралелно со напорите што ги вложува  земјата за забрзување на националниот план за вакцинација против КОВИД-19, мора и натаму да ја одржуваме редовната имунизација за да бидеме сигурни дека секое дете во земјата ќе прими вакцина против  мали сипаници, заушки, рубеола и други детски болести. Ова значи дека треба да се погрижиме ниедно пренасочување на средствата од услугите наменети за  редовна имунизација да не создава тесни грла во пристапот на семејствата до здравствените услуги  за редовна вакцинација на децата и до добивањето на услугата. Исто така, мора да поведеме сметка евиденцијата за имунизација на децата и податоците за националната покриеност да продолжат да се ажурираат  за да може да се следи било каква промена во редовната  вакцинација на децата, рече Ди Џовани.

Според неа, пандемиите и епидемиите се потсетување за важната улога на вакцинацијата во текот на целиот живот, од детството преку адолесценцијата, па сѐ до постарата возраст.

-Повеќе од кога и да е, вакцините се покажаа како најдобро средство што го имаме за да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите семејства и на нашите заедници. Мора и натаму да се трудиме редовната  имунизација на децата да остане врвен приоритет за да се спречат други епидемии на болести кои може да се спречат со вакцини, подвлече Ди Џовани.

Во текот на оваа Светска недела на имунизацијата земјите од целиот свет преземаат активности за да ја нагласат важноста на вакцинацијата за повторно зближување на луѓето, за подобрување на здравјето и благосостојбата на сите, секаде и во текот на целиот живот.

-Вакцините се еден од најголемите напредоци на современата медицина. Во светот тие помогнаат да се намали смртноста на децата за половина и спасија многу животи. Благодарение на редовната вакцинација многумина од нас имаа среќа да растат без да доживеат член од семејството или пријател да почине или да добие трајна попреченост од болести како што се сипаници или детска парализа. Редовните вакцини во детството ги елиминираа овие болести во многу земји. И покрај тоа што во земјата многу сериозни болести веќе не се чести благодарение на вакцините, овие болести и понатаму постојат и може да се прошират доколку луѓето не се вакцинираат. Епидемијата на сипаници во 2018-2019 која одзеде детски животи во Северна Македонија е потсетник дека не смееме да ја потценуваме вакцинацијата на децата, напомена претставничката на ИНИЦЕФ по повод Светската недела на имунизацијата.

извор: МИА

Next Post

На Детската клинка се лекуваат 15 деца позитивни на коронавирусот, се бележи тренд на намалување на бројките

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk