Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања, велат од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавоста дека тој планира да формира политичка партија.
Досега реконструирани 55 објекти на МВР, современата инфраструктура, е суштински предуслов за ефикасно работење. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во придружба на висока делегација од министерството и градоналачникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска го посетија реконструираниот објект на ОВР Ресен.
Во рамки на законскиот рок, во кој постоечките правни лица имаа обврска во Регистарот на вистински сопственици да го пријават својот вистински сопственик, својата обврска навремено ја завршиле 69.284 субјекти, односно близу 90 проценти од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави, вели Николовски.
Република Северна Македонија и Франција потпишаа Договор кој се однесува на филмската копродукција помеѓу двете земји, во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Францускиот Националниот центар за кинематографија и анимирани слики.
За предлогот Недела- неработен ден, Битиќи соопшти дека трговските објекти ќе може да работат во една смена и ќе уплаќаат 2% од приходите во недела кои ќе се наменат за изградба на градинки, а работниците ќе добиваат 100% повисока дневница.
Повеќе од 40 милиони евра ќе се инвестираат во ХС „Злетовица“ – проект со кој ќе се обезбеди вода за пиење за околу 100.000 жители од неколку општини во источниот регион, но ќе се реши и долгогодшиниот проблем со наводнувањето на 3.500 хектари земјоделско земјиште во општина Пробиштип.
Претставници на неформалната фејсбук-група граѓани „Учебници и настава мора да има“, која од четвртокот повикува на бојкот на наставата, утре ќе има средба со претставници на Министерството за образование и наука за да ги презентираат своите барања.
М. Миткоска







