ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

По две недели пауза ФФМ одлучи за претстојното коло да овозможи ПЦР-тестови и за Првата женска фудбалска лига

May 5, 2021 16:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Колото 23 од Првата женска фудбалска лига, кое што требаше да се одигра на 21 април, а се одложи поради одлуката на Владата за задолжителен ПЦР-тест пред секој натпревар, ќе се одигра овој викенд.

Две недели фудбалерките беа во неизвесност сè додека Фудбалската федерација на Македонија не одлучи да ги покрие трошоците за ПЦР-тестови и за женската лига.

– Сабота се игра еден натпревар, недела се играат другите натпревари во женски фудбал, тестовите ги покрива федерацијата, велат од ФФМ за МИА.

Дополнуваат дека во овој момент покривањето на трошоците е само за претстојното 23 коло. Инаку, тенденција, како што велат, е да се продолжи и ФФМ ќе ги покрие и понатамошните трошоци.

Во меѓувреме Првата и Втора машка фудбалска лига се одигруваа непречено при што пред секој натпревар се тестираа играчите и службените лица.

МИА претходно пишуваше за овој случај во кој што веднаш по одлуката на Владата, Ракометната, Кошаркарската и Одбојкарската федерација за МИА изјавија дека трошоците за ПЦР-тестови ќе бидат покриени и за машките и за женските лиги. ПЦР-тестови за женската лига, своевремено, не овозможи само Фудбалската федерација на Македонија.

Од Владата за МИА претходно изјавија дека работат проактивно на изнаоѓање алтернативни решенија, меѓутоа, и по новите мерки и одлуки, тестирањето пред секој натпревар, кое не секој може да си го дозволи, остана задолжително.

– Одлуката за задолжителни ПЦР-тестови пред секој спортски настан е донесена врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, која според моменталната епидемиолошка состојба советуваше дека сѐ уште има потреба од ваков вид на мерка за заштита. Секако, доколку постои друго алтернативно решение за намалување на финансискиот трошок на спортските клубови, истото ќе биде навремено искористено, информираа од Владата за МИА.

На прашањето како гледаат на привремената одлука на Фудбалската федерација на Македонија за изоставување на Првата женска фудбалска лига од привилегијата да им биде овозможено ПЦР-тестирање, рамноправно, како што беше овозможено за Првата и Втора машка фудбалска лига, од Владата одговорија дека ја препознаваат родовата еднаквост како една од клучните вредности за позитивен општествен напредок.

– Спортот е особено важна област каде треба да ја препознаеме и елиминираме родовата нееднаквост. Убедени сме дека фудбалерите и фудбалерките треба да имаат еднаков третман и да им се овозможат исти услови за тренинг и натпревар, вклучувајќи и рамноправна распределба на ПЦР-тестови пред натпревари, велат од Владата.

Од актуелната фудбалска сезона во женската лига претстојат уште осум кола како и полуфиналето и финалето од КУП на РМ за Жени 2020/2021.

Next Post

Владите на Франција и С. Македонија потпишаа Договор со кој ќе се зајакне филмската копродукција помеѓу двете земји

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk