ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Германија против укинување на патентите за вакцините

May 6, 2021 20:19
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Германската Влада денеска се спротивстави на повикот на САД да се укинат патентите за вакцините против Ковид-19, оценувајќи дека таквата заштита не е причина за бавниот процес на производство, јави Дојче Веле.

Официјален Берлин не се согласува со одлуката на САД да дозволат укинување на патентите за вакцините пред Светската трговска организација (СТО).

– Забелешката на САД за укинување на заштитата на патентите за вакцините против Ковид-19 има значителни импликации за производството на вакцините. Ограничувачките фактори во производството на вакцините се производствените капацитети и постигнувањето стандарди на висок квалитет, а не патентите, соопшти германската влада.

Според официјален Берлин, фармацевтските компании веќе работат со партнери за да се зголемат производствените капацитети.

– Заштитата на интелектуалната сопственост е извор на иновации и мора да остане тоа и во иднина“, рече портпаролка на владата во Берлин.

Во Германија е седиштето на Бионтек, компанијата која ја разви првата вакцина одобрена за користење на Запад во соработка со Фајзер.

Уште една германска компанија-Кјурвак е во последната фаза на клинички тестови на вакцина, и се надева на авторизација во ЕУ во следните недели, соопшти Дојче Веле.

Претходно, германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека Германија ја поддржува „целта на американскиот претседател да се снабди светот со вакцините како единствен начин за излез од пандемијата“.

Но, оние земји кои произведуваат вакцини „мораат исто така и да ги извезуваат во други земји“, рече Шпан алудирајќи на одбивањето на САД да дозволат извоз на вакцини произведени во земјата.

извор: МИА
Next Post

Вечерен преглед: Во земјата сега има доволен број и безбедни вакцини за непречена масовна имунизација, со планот за економски раст се подржани 800 компании со 70 милиони евра

НАЈНОВО

(ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk