ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Од работата на МВР во голема мера зависи и довербата на граѓаните во државата

May 7, 2021 14:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е значаен ден затоа што станува збор за структура која има незаменлива улога во спроведувањето на законите, одржувањето на јавниот ред и мир, почитувањето на човековите права и слободи и заштитата на државните граници. Со само еден поглед, врз овие исклучително важни надлежности, станува јасно дека од работата на Министерството за внатрешни работи во голема мерка зависи и довербата на граѓаните во својата држава и во нејзините највисоки институции, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешното одбележување на Денот на македонската полиција.

Пендаровски потенцира дека довербата на граѓаните треба секојдневно да се потврдува независно дали се работи за мали локални инциденти, за борбата против криминалот и корупцијата или пак за големите глобални проблеми како што е пандемијата со Ковид -19.

-Повеќе од една година полицијата е една од клучните алатки во справувањето со пандемијата. Полициските службеници се деноноќно задолжени да асистираат во спроведување на мерките за спречување на ширењето на вирусот затоа во името на македонските граѓани и во мое име ви балагодарам, рече Пендаровски.

Додаде дека за да ја имаат зад себе постојано довербата на граѓаните, полициските службеници се обврзани достојно да ја извршуваат професијата што ја избрале.

Во вашата работа, како што рече претседателот пендаровски, важни се почитувањето на законот и владеењето на правото, професионалноста, непристрасноста, пожртвуваноста во заштитата на животите, здравјето и имотот на граѓаните, како и отчетност и транспарентност пред јавноста и пред институциите.

-Улогата на полицијата е уште поголема во хетерогени општества какво што е нашето. Катализатор во унапредувањето на таа соработка е соодветната етничка застапеност на сите нивоа во Министерството, за сите граѓани во нашата држава да имаат целосна доверба во полициските структури, истакна тој.

Според Пендаровски, исто така треба да се обрне внимание на улогата на жената во полицијата. – Тој процес е започнат, резултатите се видливи, но  потребно е  целосно надминување на стереотипите поврзани со родовата еднаквост затоа што наспроти традицијата и предрасудите кои се особено силни во конзервативните општества, полицијата не е само машка професија, додаде претседателот.

За успешно функционирање на Министерството, според Пендаровски, превенцијата е клучна и затоа е потребно да се воспостават добри релации со заедницата во која се дејствува, пред да се појават проблемите.

-Неспорно е дека Министерството за внатрешни работи денес е далеку понапред во однос на состојбите од пред пет или 10 години кога институцијата беше само лошо камуфлиран партиски штаб. Меѓутоа, за успешно да ги исполнува своите задачи на законски и достоинствен начин, мораме да се вложуваме во полицијата, заклучи тој.

Иако, од аспект на безбедноста, со членството во НАТО влеговме во помирни води, сепак, како што посочи Пендаровски, безбедносните предизвици како што се тероризмот, верскиот екстремизам, сајбер-нападите, кампањите за дезинформирање, хибридните закани, нема да исчезнат.

-Досегашните реформи во безбедносно-одбранбениот и безбедносно-разузнавачкиот систем значајно ги подобрија нивните перформанси и ја приближија државата до меѓународните стандарди. Но, реформите мора да продолжат затоа што и безбедносното опкружување постојано се менува, истакна шефот на државата.

Во таа смисла, како што посочи тој, битен предуслов се модерната опрема и вооружувањето и стандардите во работните простории, но најважниот фактор за успех, сепак, е човекот.  – Мора постојано да се води сметка за стручните квалификации, селекцијата, вработувањето и обучувањето на полициските службеници, а напредувањето да биде врз објективни критериуми, при што етичкиот филтер односно интегритетот на личноста или народски кажано, образот, секогаш треба да биде во преден план, нагласи Пендаровски.

За крај заклучи дека граѓаните и веруваат на државата онолку колку што веруваат во нејзините институциите и дека поради тоа тој очекува од полициските службеници достоинствено и чесно да ги извршуваат работните задачи.

Инаку, на одбележувањето на Денот на македонската полиција беа презентирани шест различни униформи за Единицата за брзо рапоредување, за Единицата за обука и поддршка, како и за Секторот за внатрешни работи Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во оваа пригода додели плакета на Одделот за криминалистичка полиција за успешно реализирана оперативна акција за недозволена трговија со дрога и плакета за Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција за успешно реализирање на зајакнатите акциски контроли и придонес во зајакнувањето на безбедноста во сообраќајот.

извор: МИА

Next Post

Заев: Дијалог може да носи резултати, но не очекувам ништо за 27 април

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk