ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Скопје го изработи својот дел од обврските, време е Брисел да испорача, интензивно се инвестира во реконструкцијата на училиштата, тестовите за ковид-19 не се отровни, иако се стерилизирани со етилен оксид

May 9, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
ФОТO: МИА

ФОТO: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан. Ова, како што објави на Твитер премиерот Зоран Заев, е заедничката порака за која се согласиле со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, на вечерашната средба во Брисел.

Министерството за образование и наука интензивно инвестира во реконструкција, доградби и изградби на училишта како и во опрема за лаборатории, со цел успешен старт на реформата на основното образование од учебната 2021/2022 година. Една од причините за намалување на квалитетот на образованието е недоволното и несоодветното вложување и финансирање на образованието во последните три децении, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, им оддале почит на вечни почивалишта на осумтемина припадници на полицијата кои загинаа во „Диво Насеље“ пред шест години.

Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети.

Повеќе медицински професионалци препорачуваат брисот од нос да се зема додека главата на пациентот е исправена. Стапчето мора да биде вметнато многу наназад, затоа што за добар примерок клетките и течностите мора да се соберат од назофарингсот. Па, бидејќи телото не е навикнато да има каков било предмет во тој дел, ова создава одредени реакции. Го активира лакрималниот рефлекс што значи дека ако брисот е земен правилно, ќе ви ги насолзи очите. Не боли, но е непријатно. Тестовите за ковид-19 не се отровни, иако се стерилизирани со етилен оксид, пишува Вистиномер.

На патеката кон Пониква денеска се одржа ридско-брзинската трка „Пониква 2021“, што се возеше во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам и ФИА – Централна европска зона. На натпреварот учествуваа 25 домашни возачи, како и двајца гости од Полска и Косово, кои беа поделени во пет класи и возеа две трки.

М. Миткоска

Next Post
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Короткая ска́зка о достоинстве и порядочности

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk