ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Коен: Рамката за соработка со Светска банка се одвива со одлична динамика

Министерката за финансии Нина Ангеловска и извршниот директор на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка Кун Давидсе, на нивната прва официјална средба што се одржа во Њујорк, оцениле дека рамката за соработка со Светска банка 2019-2023 се одвива со одлична динамика.

September 27, 2019 10:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска и извршниот директор на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка Кун Давидсе, на нивната прва официјална средба што се одржа во Њујорк, оцениле дека рамката за соработка со Светска банка 2019-2023 се одвива со одлична динамика.

Според министерката Ангеловска, со реализацијата на проектите предвидени од четиригодишната Рамка за соработка во вредност од 420 милиони долари, ќе се инвестира во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор преку инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и поголема инклузија, како и во зајакнувањето на менаџирањето со јавните финансии и поголемата одржливост на енергетските извори.

„За нас, партнерството со Светска банка и поддршката што ни ја дава во развојот на нашата земја и нашиот пат кон ЕУ и НАТО, е од големо значење. Само со јасна стратегија и цел можеме на граѓаните да им понудиме подобри услови за живот, а Рамката за соработка е одлична основа за тоа“, истакнала  Ангеловска.

Извршниот директор на Холандската конституенца посочил дека земјата ја има неговата поддршка за што побрза имплементација на Рамката за соработка, а изразил и верба во капацитетите за нејзино спроведување.

Тој оценил дека Република Северна Македонија се движи во вистинска насока гледајќи го економскиот раст, намалувањето на невработеностa и останатите економски параметри кои укажуваат на стабилна клима за инвестирање.

Давидсе, како што информира Министерството за финансии, и ја честитал новостекнатата титула „жена на дигитална трговија“ на министерката Ангеловска што таа ја доби во рамки на Годишното собрание на Обединетите нации. Воедно, истакнал дека го охрабрува фактот што во Република Северна Македонија се повеќе се гледа напор да се искористи потенцијалот на жените и дека ваквите заложби треба да продолжат бидејќи активната улога на жените на лидерски позиции е важна за раст на економиите.

На средбата се разговарало и за важноста на технологијата во сите процеси за прогресот на земјите. Од проектите кои треба да се реализираат од Рамката за соработка на средбата бил споменат проектот „Дигитална Македонија“ кој е во подготовка и ќе овозможи пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги.

Првите проекти што ќе се спроведат од Рамката за соработка се проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта, проектот за унапредување на земјоделството и проектот за модернизација на пензискиот сектор. Нивната реализација ќе почне на почетокот на следната година.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk