ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штипски „Бетон“ вреден милјарда денари

Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон“, кое денеска требаше да се одржи во Основен суд-Штип е одложено за 26 месецов. На ова собрание на доверители треба да се одлучи судбината на поранешниот градежен гигант. Опциите се ликвидација или реорганизација на компанијата

December 10, 2019 14:56
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон“, кое денеска требаше да се одржи во Основен суд-Штип е одложено за 26 месецов. На ова собрание на доверители треба да се одлучи судбината на поранешниот градежен гигант. Опциите се ликвидација или реорганизација на компанијата.

Стечајниот управник, Драги Димевски за МИА вели дека извештајот кој го има доставено до судот, но и до доверителите, покажува дека четири компании се најголеми доверители, односно си ги бараат побарувањата од „Бетон“. Прва на листата е Балкан груп констракшн со 27,65 проценти од вкупно утврдените побарувања, потоа на листата доаѓаат компаниите ТИМ Доо Скопје и Орка Холдинг, кои имаат по 16,76 проценти од побарувањата и ИСЦ груп ДОО со 2,75 проценти од побарувањата.

Според направениот попис, имотот на штипски „Бетон“ и неговите удели се вредни една милјарда денари. Анализите покажуваат дека недвижниот имот на градежната компанија „Бетон“ е ставен под хипотеки кај банките. Побарувањата од доверителите и вработените се вкупно 1,5 милјарди денари, од кои признати побарувања се околу една милјарда денари.

На барање на доверителите стечајот на компанијата „Бетон“ е отворен на 2 јули, а на крајот од тековниот месец ќе се знае судбината на поранешниот втор по големина градежен играч во државата, а и најголем корисник на тендерите од проектот „Скопје 2014“.

 

Next Post

Илиев: Потребен е координиран пристап за справување со лажните вести

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk