Ова е прва Влада која покажува дека интересот на ученикот е пред сечиј друг и дека децата се нашата иднина. Политичката партија која владееше 12 години постојано наоѓаше изговори зошто да не се подобри, модернизира, осовремени образованието. Веројатно тоа на некого му одговарало. Затоа нашите деца денеска на меѓународните тестирања се најдолу на листите и тоа е поразително за нашата држава, изјави министерката Мила Царовска.
Министерот за здравство Венко Филипче поспладнево на својот Фејсбук профил објави дека во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле ва вакцинација. Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да можеме да ставиме крај на пандемијата.
Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување. Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро. Дезинформациите денес се најголемиот поткопувач на демократските и на реформските процеси во светот, вели тој во своето обраќање.
Собранието на Република Северна Македонија се очекува утре да продолжи со веќе почнатата 41. седница од минатата недела на која би се гласале сите точки што веќе биле усвоени на комисиите и за кои расправата завршила. Интерпелациите на Маричиќ и Николовски се најавува дека ќе се во јуни.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува законското решение за одење во пензија на 64 години да биде одлокирано во Собранието и да бидат повлечени поднесените 482 амандмани, а за решението за предвремено одење во пензија и можноста за докупување на стажот рече дека оваа година не се работи на тој закон.
Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро, изјави денеска бугарс
М. Миткоска