ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Oчекуваме ЕК да донесе позитивна одлука, судиите да се охрабрат уште повеќе да носат одлуки согласно Устав и закон, без влијанија од кого било

May 27, 2021 20:50
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој попладнево допатува во Тирана, по средбата со премиерот Еди Рама рече дека Албанија има многу постигнувања, како и Северна Македонија, во исполнувањето на условите поставени од Европската унија.

Овие денови една студија спроведена кај нашиот северен сосед предизвика многу дилеми и стравови кај нашите граѓани кои сублимирано имаат еден заеднички именител:
“Дали кинеската вакцина е ефикасна ??”
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот изрази задоволство од извештаите од Европската унија коишто нотираат видливи успеси во владеењето на правото и во спроведувањето на правото еднакво за сите. Тој констатираше дека тоа е сигнал за да се работи уште повеќе во тој правец, за да може да расте уште повеќе довербата на граѓаните во правосудството, да може уште повеќе да се охрабрат делителите на правдата, судиите, истражителите, обвинителите – да носат одлуки согласно Устав, закон, сопствено убедување, без какво било влијание од кого било, да ја делат правдата, но истовремено да ја штитат и правичноста, давајќи им на граѓаните можност до крај да ги искористат сите правни алатки и инструменти што им стојат на располагање.
Индустриското производство има раст од 7.6 проценти. Индексот на прометот на индустријата во март има раст од 27.1 процент. Извозот е зголемен за 18.1 процент. Просечната плата е зголемена за 6.8 проценти. Завршивме со 28.217 денари, според последниот податок – просечна плата во државата. Правиме дополнителни напори да ги видиме сите резервоари создадени од порастот на придонесите во фондовите за пензиско и за здравство, за да имаме рефлексија кон пензионерите. Еве завршуваме мај месец, овие пет месеци имаме 200 милиони евра повеќе наплатено приходи само од Управа за приходи и Царина, во споредба со првите пет месеци од 2020 година. Посериозен податок дека економијата се враќа, дека растот е зголемен, нема“, рече премиерот Заев.
 Не би сакал да го политизирам вашето прашање. Не само во Сарај, туку, за жал, во целата држава, во голем број општини имаме проблем со отпадот. Според Законот, општината ги има ингеренциите и обврските за собирање и депонирање на отпадот, но свесни сме и дека нема услови за депонии во нашата држава. Општина Сарај отпадот го депонира во Дрисла. Но, ако некое лице или претпријатие го фрла отпадот во Вардар, тоа е противзаконски. Да ги поддржиме сите општини кои имаат пробпеми со отпадот, без политички обојувања. Имаме многу општини и разни партии. Да не политизираме. И да не заборавиме дека свеста е сепак кај нас, кај граѓаните. Ние, за жал, донекаде придонесуваме за проблемот, фрлајќи го отпадот насекаде, истакна Нуредини во одговор на прашањето што го постави Абдула Салиу од Алијанса за Албанците
Со новиот закон за продажба на земјоделско земјиште дефинитивно го штитиме земјоделското земјиште од секаков вид на недоречености или злоупотреби при управување на администрацијата со менаџментот на земјоделското земјиште. Ниту еден земјоделец нема да изгуби земјоделско земјиште што го користи од државата, рече денеска претседателот на Владата Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од Лидија Тасевска од СДСМ.
Next Post
Skopje 2014, Mass building site - by Deian Vladov / HBS / licence: CC-BY-NC-ND 2.0

Шилегов спремен да го руши „Скопје 2014“ - "Не затоа што мене не ми се свиѓа, туку не е автентично Скопје"

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk