Според угледната американска телевизија „ЕСПН“ македонската репрезентација има најубав дрес на Евро 2020, пренесува Слободен печат.
Пред стартот на континенталниот собир македонската јавност реагираше поради новите бордо дресови, по што ФФМ веднаш одлучи да се врати на старите, црвени со жолтото сонце.
Вчера беше објавено дека Грција се жали до УЕФА поради амблемот на ФФМ, дали веднаш ќе се реагира останува да се види.
Според Херс Гомес и Клинтон Јејтс од ЕСПН, дресот со сонцето е најоригинален, како и македонското знаме.
Истиот извор потсетува на сензационалниот триумф против Германија (1:2) во квалификациите за Светското првенство 2022 година.
Видеото на „ЕСПН“ за македонскиот дрес можете да го погледнете ТУКА.
Извор: Слободен печат