ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: 5,77 милиони евра за поддршка на над 2.200 угостителски објекти (ВИДЕО)

June 14, 2021 16:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат со вистинска грижа, со вистинска поддршка за македонската економија, за спас на работните места, на денешната прес-конференција истакна пратеникот и портпарол од СДСМ, Костадин Костадинов.

„Обезбедени се 5,77 милиони евра за 2.204 угостителски објекти со 11.235 вработени, кои беа затворени со одлука на Владата за спречување на ширење на Ковид.

Од нив, 2,99 милиони евра е вкупната поддршка врз основа на пресметаниот просечен месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30% помножен со соодносот на денови колку што овие компании беа затворени во април 2021.

Дополнително на ова, секоја компанија добива и поддршка по 15.200 денари за секој вработен според ефективни работни часови. Нивниот вкупен број на вработени изнесува 11.235 лица, што значи поддршка од околу 2,78 милиони евра.

Економските мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ за време на коронакризата придонесоа последиците да бидат надминати и денес да имаме економија која е стабилна, жива и динамична.

Доказ за тоа се бројни статистички параметри.

Стапката на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто.

Истовремено, бележиме раст на извозот и раст на индустриското производство.

Платите растат во континуитет. Просечната плата за месец март изнесува 28.217 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година.

Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики што обезбедуваат забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните.

Градиме развојна, стабилна македонска економија која отвора шанса за сите.“, рече Костадинов.

Next Post

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО: Потврденото трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за иднината на сојузот и за безбедноста на сите земји членки на Алијансата

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk