Режимската и насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ денеска ескалираа на седницата на собраниската Комисија за образование наука и спорт, соопштуваат од СДСМ. Со навреди, закани и обиди за физички напади, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја болкираат седницата на Комисијата, да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието.
Република Северна Македонија не може да ги започне преговорите за членство во ЕУ без да го исполни потребните услови, изјави денеска лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов. Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, што претставува и Република Северна Македонија, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари, изјави Трифинов.
Апсурдно е да се спори идентитетот на било која заедница и целосно се солидаризирам со Македонците околу тоа прашање, истакна вечерва вицепремиерот и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, кој дополни дека тоа не е во духот на европската солидарност и смета дека треба да се остане на Добрососедскиот договор со Бугарија.
Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни, во Скопје, ќе се одржи втората парада на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. На парадата свое обраќање ќе има координаторката на Интерпартиската Парламентарна Група за правата на ЛГБТИ лицата, г-ѓа Маја Морачанин.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, по денешниот пораз (1:2) од Украина рече дека за добар резултат не се доволни добри само 45 минути. Треба да играме цел натпревар како што игравме во второто полувреме. Жал ми е што го изгубивме натпреварот. Се надевав дека можевме барем до бод. Бевме малку во грч. Кога примивме гол, како да се опуштивме и почнавме да играме.
M. Mиткоска







