ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Возењето велосипед ризик во Тетово, сред велосипедска патека контејнери, возила, маси и столици

June 18, 2021 15:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Роберт Крстевски е еден од ретките граѓани од Тетово кој велосипедот го користи како превозно, но и како средство за рекреација. Вели возењето велосипед е голем ризик. Нема доволно велосипедски патеки, а тие кои ги има се узурпирани од паркирани автомобили, па дури и на самите патеки има поставено контејнери за фрлање на комунален отпад. Но љубовта кон возењето велосипед е една од причините поради која не се откажува, па често знае и надвор од градот да вози со неговите другари, а Тетово само да им биде како пропратна станица.

„Каде и да одиме, со друштвото мора да поминеме низ Тетово и тогаш е многу опасно, сешто има на велосипедската патека, зборам за таа на булеварот Илинденска која се обележа неодамна. И не само возила и контејнери, некогаш наидуваме и на маси и столици поставени на самaта патека како и палети, продукти и пакети од самите маркети, невидена работа. Мора да се внимава да гледаш постојано лево и десно, не е безбедно, општината и полицијата треба да обрне повеќе внимание на оваа категорија учесници во сообраќајот, да има безбедни патеки, но и повеќе патеки. Тетово како град, како местоположба е одличен за возење велосипед не е територијално голем, но е и рамен“, вели Роберт Крстевски велисипедист од Тетово

Како и велосипедистите така и пешаците не се чуствуваат безбедни,  тие се жалат дека им се узурпирани тротоарите.

„За нас пешаците никој не се грижи, ниту полицијата, ниту општината, тие возила што се паркирани на тротоарите треба да се тргнат, не им е тука местото, кога се тука паркирани го узурпираат нашиот простор, па ние мора да се движиме по коловозите што е многу несигурно за нас, особено за постарите лица, но и за децата“, вели еден жител на Тетово.

Небезбедната инфраструктура си носи свои последици.

„За изминативе 5 месеци имаме 27  пешаци кои биле учесници во сообраќајки, од нив двајца за жал настрадале, имаме и сообраќајки со велисипедисти, тука морам да кажам дека треба да се поработи на инфраструктурата, но тоа е надлежност на Општина Тетово, што е до полицијата ние преземаме мерки превентивни, како и репресивни, но тука морам да потенцирам дека превентивата подобро делува“, вели Бобан Симјановски, заменик командир на Полициската станица Тетово за безбедност на патниот сообраќај.

Од денеска Секторот за внатрешни работи Тетово започна со информативни-едукативни средби со граѓани, во рамките на новиот превентивен проект на СВР Тетово „Поголема безбедност на пешаците,мотоциклистите, велосипедистите и возачи на електрични тротинети и запознавање со позначајни прописи и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“. Носител на проектот е Отсекот за превенција, додека  неговото мото е „Само искуството е знаење, сè друго е информација и едукација“.

СВР Тетово дистрибуираше и околу 2000 наменски изработени флаери на македонски и албански јазик.

Зоран Димовски

Next Post

Намалено ДДВ за 30 отсто на пет грчки острови погодени од бегалските и мигрантските бранови

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk