ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонска дипломатска офанзива пред јунскиот ЕУ самит

June 18, 2021 21:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската дипломатија и целокупниот државен врв се наоѓаат во вистинска дипломатска офанзива пред јунскиот самит на ЕУ закажан за 22 јуни. Времето е прилично кусо, но претседателот, премиерот, вицепремиерот за европски прашања, министерот за надворешни работи и министерката за одбрана, со полно темпо и турбо агенда деновиве ги обиколуваат градовите низ Европа и пошироко.

 

Само во изминатите два дена премиерот Заев беше во обиколка на соседна Софија и подалечната Виена. Покрај разговорите за наметнатиот спор од бугарска страна со тамошниот претседател, технички премиер и претставниците на двете најголеми партии во Бугарија, Заев беше и на средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц во Виена. Посетата на престолнината на Австрија беше и можност за премиерско обраќање на панел дискусијата околу Западниот Балкан и Европа, кој тежнее да испрати порака против евроскептицизмот и проширувањето.

 

Претседателот Пендаровски деновиве беше во посета на Турција, каде зема учество на дипломатскиот форум во Анталија, на тема за иновативната дипломатија. Својата посета во Турција, претседателот ја искористи и за средба со турскиот претседател Ердоган, но и со Жозеф Борел, потпретседател на Европската Комисија.

 

Вицепремиерот Димитров, кој го придружуваше премиерот во Софија и Виена, исто така, преку овие дипломатски посети се впушти во вистинска офанзива, а неговата препознатливост во меѓународните односи, несомнено, придонесува за успешност на овие гостувања.

Министерот Османи, кој исто така, присуствуваше во Турција и Бугарија, беше  активен и со присуство на дипломатски форум во Словачка, каде се обрати на безбедносниот форум одржан во главниот град Братислава. Тоа беше погоден момент и за отворање на просториите на македонската амбасада во словачката престолнина. На истиот форум, свое учество имаше и министерката Шеќеринска.

 

Ваквата дипломатска офанзива, која се случува во непосреден момент пред одржување на самитот на Унијата, дефинитивно го актуализираше низ европски кулоари повторно прашањето за отпочнување на нашите преговори со ЕУ. Желбата е истите да започнат со одлука донесена на овој самит месецов, но за очекување е дека бугарската рампа и блокада ќе останат спуштени и овој јуни, а попозитивни вести, можеби, не очекуваат за време на октомврискиот самит.

 

Иван Дугутов

 

Next Post

Иднината на Европа е со Западен Балкан, постои силна поддршка за политиката на проширување, пораки од Самитот во Виена

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk