Во Кочани среде бел ден обид за киднапирање на седумгодишно девојче – ќерка на пратеникот на СДСМ Сашко Костов. Додека девојчето се враќало од училиште го пресретнало возило со странски регистарски таблички, а непознати лица му наредиле да влезе во автомобилот, пренесе 24 Вести.
Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.
МВР го потврди инцидентот.
„Приведени се две лица на возраст од 18 години кои со патничко возило „БМВ“ се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани.
Лицата се приведени во полициска станица Кочани, а за случајот е известен јавен обвинител”, стои во соопштението на МВР.