„Концептот на СДСМ за вложување во сите сегмени што значат подобар живот на граѓаните е препознат од се повеќе граѓани кои се приклучуваат на СДСМ, на оваа наша визија што ја имаме, како треба заедно да ја градиме Република Северна Македонија“ рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.
Тој додаде дека Владата вложува во сите општини затоа што развојот на општините и рамномерниот регионален развој се врвен приоритет. „Кога зборуваме за вложувања, мораме да кажеме дека Владата целосно опреми две градинки, а преку Светска банка обезбедивме средства и чекаме одобрение за градба на нова градинка во Гостивар која што ќе може да прими околу 90 деца“ рече Спасовски. Тој додаде дека тоа е конкретен влог на централанта власт, која вложува и во здравството и во сите други сегменти што значат подобар живот за граѓаните.
„Направивме многу во делот на борбата против криминалот и корупцијата, правиме се за да ја задоволиме правдата, тоа што најмногу го посакуваат граѓаните. Ги зголемивме платите и пензиите и сега повеќе се ценат работниците и земјоделците. Градевме како никогаш досега во здравството, вложувавме во социјалата. Така ќе продолжиме и понатаму, затоа што имаме не само визија, туку и луѓе, концепт, проекти и програма со кои сите наши очекувања ќе ги претвориме во реалност“ рече Спасовски.
Д. Е.







