ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Консултативен форум со градоначалници за спроведувањето на Законот за локалната самоуправа

December 13, 2019 18:17
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да се подобри системот на локалната самоуправа, Министерството за локална самоуправа во соработка со ОБСЕ спроведува процес на оценка на имплементацијата на Законот за локалната самоуправа во рамките на кој се организирани и пет консултативни настани. На денешниот консултативен настан беа поканети градоначалниците кои што со своето искуство во спроведувањето на Законот го дадоа својот придонес во идентификувањето на слабостите и начините за нивно надминување.

Во организација на Министерството за локална самоуправа и ОБСЕ, денеска во Скопје се одржа последниот консултативен форум за оценка на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа.

– Оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа се спроведува во исто време со активностите на Владата за продлабочување на процесот на децентрализација. Овие два процеси се одвиваат независно еден од друг, но крајната цел е да се обезбедат услови за оддржливи, ефективни и ефикасни општини, во служба на граѓаните. Во еден инклузивен процес, со вклученост на сите засегнати страни, оваа финална консулатација треба да ги даде заклучните согледувања и наоди со препораки дури и во форма на конкретни предлози за изменување и дополнување на законот. Ова е можност сите вклучени страни во процесот на консултација, а пред се градоначалниците да го дадат својот придонес за подобрување на системот на локалната самоуправа, изјави заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, истакна дека законот во неговото спроведување покажал многу позитивни трендови, но и предизвици во однос на учеството на граѓаните, транспарентноста и отчетноста, во вршењето на надзорот и во обезбедувањето на финансиите.

– Децентрализацијата треба одново да се осмисли и затоа ОБСЕ ја поддржа оваа активност на Министерството за локална самоуправа за оценка на спроведувањето на Законот, заради подобрување на локалната самоуправа во интерес на сите граѓани, рече Која.

Од Министерството за локална самоуправа истакнаа дека со цел да се обезбеди сеопфатност во спроведувањето на оценката бил организиран широк инклузивен процес на вклучување на сите засегнати страни, вклучително и граѓаните.

– Врз основа на прашалници, сите Општини и градот Скопје доставија информации за спроведувањето на одредбите од Законот, групирани во четири столба-транспарентност, партиципација и отчетност, надлежности, механизми за соработка и надзор над работата на органите на општината, како и организација и работа на органите на општината. Паралелно, беа направени и интервјуа со претставници на Општини и со релевантни институции на централно ниво, како и истражување на перцепцијата на граѓаните за функционирањето на Општините, информираа од Министерството.

Истакнаа дека во рамките на активностите за оценување на Законот за локална самоуправа биле организирани и четири регионални консултативни форуми на кои што учествуваа претставници на локалната администрација, секретарите и членови на советите од сите општини.

Next Post

Заев: Пет илјади амандмани од ДУИ е навистина лоша порака

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk