ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Заев: Верувам дека не е возможно ништо што еколошки е недозволиво да влезе во државата

Премиерот Заев, во врска со еко-акцијата посочи дека администрацијата треба да биде позитивен пример.

December 14, 2019 15:06
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека не е возможно ништо што еколошки е недозволиво да влезе во државата, истакна премиерот Зоран Заев во врска со информациите за влез на камиони во земјава што соджат отпад.


– Јас токму од медиумите прочитав и видов слики како се увезува отпад којшто се користи како енергенс во енергетиката. Ја видов и реакцијата од страна на Усје, посочија дека се обезбедени сите еколошки елаборати и слично. Ние како Влада ги правиме сите можни анализи и истражувања на било што во земјата кое што влегува, пред се од еколошки аспект. Знам дека инсепекциите од државните органи го проверуваат токму и ваквиот случај, ќе дадат и тие институционална информација, но, верувам дека не е возможно ништо што еколошки недозволиво да влезе во државата, заради тоа што се работи за камиони, колку што можев да видам, така да верувам дека само еколошки одобрените продукти можат да влезат во нашата земја, нагласи премиерот.

Премиерот Заев, во врска со еко-акцијата посочи дека администрацијата треба да биде позитивен пример.

– Државата има стратегија за регулирање на отпадот, собирањето, транспортирањето и депонирањето на отпадот тоа е работа на јавните комунални претпријатија на локалните самоуправи. Ние почнавме заедно со општините и со Зелс за регулирање на сите отворени депонии заради тоа што во државата веројатно е познат податок дека нема ниту една легална депонија, сите се на некој начин нелегални или полулегални. Затоа Скопје е влезен во сериозни постапки за организација на депонијата во Скопје, Североисточниот и Источниот регион заедно се во грант од околу 37 милиони евра со Европската комисија која што во Светиниколскиот атар ќе биде организирана фабриката за обработка на отпадот, зборуваме за фабрики коишто целосно го обработуваат отпадот, појасни премиерот.

Информираше дека во моментот се прават студиите во другите четири региони.
– Европската банка за обнова и развој ги прави комплетните студии со документации со договорот за концесии и јавни приватни партнерства којшто треба да бидат изработени. И на крајот останува осмиот Полошкиот регион, таму Швајцарската амбасада и швајцарските институции дадоа сериозен грант за создавање на таа документација. Тоа е дел од самата стратегија. Државата ќе ги решава депониите по пат на јавно приватно партнерство и концесии, истакна Заев.

Next Post

Изложба на скулптури „Музички орнаменти“ на Емил Солески

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk