Никола Наумоски реагира на објавата од Апасиев каде пратеникот се жали дека го сопрела полиција. Притоа Апасиев се повикувал на својот пратенички имунитет.
„Пратеничкиот имунитет не те штити од претрес некадарен професоре по право и лажен познавачу на уставот. Те штити единствено од притвор и кривична одговорност за својот глас или кажан збор. Провери си ја таа книгата што се правиш дека си ја прочитал.
Ама јас мислам дека лажеш и измислуваш, дека нема никаков претрес, туку дека повторно си направил некој сообраќаен прекршок за кој што не си сакал да платиш казна. Како онојпат кога ти ја крена колата пајак, или пред некој ден кога се жалеше на сообраќајните контроли на патот кон Штип, или како онојпат кога за првпат го искористи правото на пратеничко прашање и си праша кога ќе ти ја реновираат семејната куќа во Велес, ти се грижиш единствено за твоето лично добро, никако за општото.
Се фалиш дека не си земал пари за патни трошоци во собрание, ама не кажуваш дека земаш редовна функционерска плата дури и кога намерно не влегуваш во сала и кога ја блокираш институцијата што те плаќа. Сега пратеничката легитимација ја користиш за да одвратиш сообраќајна полиција да те казнува, утре ќе ја користиш за да влагаш во дискотеки или да не плаќаш патарина.“
Фејсбук објава од Никола Наумоски