ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена прва Апи инхалациона комора во Куманово

July 4, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, РЕПУБЛИКА

,,По произвоство на мед и пчелни продукти кои ни се примарна дејност во пчеларството, голем предизвик ни беше да ја направиме апи комората и да им овозможиме на луѓето да можат да го користат воздухот од пчелните кошници за здравствени цели”- вели Бобан Стошевски, сопственик на пчелна фарма ,,Стошевски”.

Во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане е отворена прва Апи инхалациона комора во североисточниот плански регион . Апитерапија со инхалација помага при лекување на луѓето кои имаат астма, бронхитис, белодробни заболувања, проблеми со дишните патишта, инфекции и алергии, главоболки и мигрена, а го подобрува и имуниот систем.

Бобан и Сашо Стошевски, сопственици на пчелната фарма Стошевски со пчеларство се занимаваат девет години ,а по истражувањата и искуството од апитерапијата се одлучиле да ја направат првата комора во кумановскиот регион.

– Идејата за ,,апи комора” дојде откако ја проучив целата литература и искуството кое го имаат русите и колку воздухот од пчелните комори е користен за луѓето, колку тој помага за лечење на многу здравствени проблеми,- вели Бобан Стошевски кој е и медицинско лице по професија.

– По произвоство на мед и пчелни продукти кои ни се примарна дејност во пчеларството, голем предизвик ни беше да ја направиме апи комората и да им овозможиме на луѓето да можат да го користат воздухот од пчелните кошници за здравствени цели- додава Стошевски.
Во Русија апитерапијата почнала да се развива во 90 тите години, а денеска се препорачува да се користи и во медицински цели. Подоцна тоа се проширило и во Словенија, Босна и Херцеговина и Србија, а сега и во Македонија, информира Стошевски.

Во апи комора постои два вида на инхалација, директна и индиректна. Директна инхалација се прави со помош на апарати-вентилатори кои го влечат воздухот од пчелната кошничка и преку маски директно се вдишува.

Индиректна инхалација се врши со директно вдишување на воздухот од пчелната кошничка која е отворена во апи комората но пчелките се затворени и не доаѓаат во директен контакт со луѓето.

Се инхалира два пати дневно. Првата инхалација се препорачана да трае до 15 минути, тоа е детоксикација на организмот додека луѓето да се навикнат и се прави пауза од 20 минути и повторно се прави инхалација која треба да трае до 20 минути. Се препорачува да се направат 10 третмани по 40 минути инхалација, а за потешките здравствени проблеми се препорачува и повеќе третмани. Со овој начин на инхалација се внесуваат сите пчелни продукти: мед, полен, прополис кој се смета за најдобро антибактериско средство во природата, восок и матичен млеч.

Апи инхалација може да се прави од април до август, кога пчелката е активна и работи.
Бобан Стошевски вели дека љубовта кон пчелите и здравите продукти кои ги дава пчелата се мотив да работат уште повеќе и да направат повеќе апи комори, а во иднина планираат да направат и апи комора во која ќе може и да се спие.

Се надевам дека и лекарите ќе започнат со препораки на пациентите да ги користат апи коморите за инхалација, вели Стошевски.

Промотивно, граѓаните ќе може да ја користат комората бесплатно, а за децата со здравствени проблеми третманите ќе бидат секогаш бесплатни.
Апи комората се наоѓа во село Драгоманце.

извор: Радио Бум

 

Next Post

На Табановце за влез во државата се чека до 40 минути

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk