Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје е еден исклучително важен и голем историски чекор напред во урбаниот развој на градот, се наведува во реакцијата на Град Скопје.
„Градот Скопје денеска ја презентираше иднината на урбано Скопје и изразуваме жалење што опозицијата континуирано одбива да биде дел од иднината на нашиот град. Наместо паушалните соопштенија, тие имаа можност да дојдат и да учествуваат во денешната експертска дебата.
За жал, наместо да учествуваат во една конструктивна дебата за идниот урбан развој на Скопје, тие одлучија да пласираат паушални соопштенија.“, велат од Град Скопје
Оттаму наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи.
„За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз и тој после 40 години за граѓаните ќе стане реалност. Градот Скопје заедно со граѓаните ја одбра иднината на нашето Скопје и одлучно продолжува по тој пат, со уверување дека што поскоро опозицијата ќе се приклучи на овој процес.“, стои во соопштението од Град Скопје