ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрон: Успеавме да ја контролираме епидемијата, но ќе има и задолжителна вакцинација

July 13, 2021 10:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата,  јави дописникот на МИА од Париз.

– Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе, најави  Макрон и предупреди дека од „15 септември ќе се вршат контроли и ќе се преземаат санкции“.

Тој рече дека земјата се соочува со „силно обновување на епидемијата што ги зафаќа сите територии“, објаснувајќи дека „појавата на варијантата Делта резултира со зголемување на контаминациите во светот“.

– Ако не реагираме денес, бројот на случаи ќе продолжи да се зголемува и хоспитализациите ќе растат од август. Имаме главно средство: вакцината. Тие нè штитат солидно од Делта варијантата и спречуваат 95 отсто од тешките форми. И да резимираме: Колку повеќе вакцинираме, толку помалку простор ќе оставиме за ширење на вирусот, толку повеќе ќе избегнеме хоспитализации, истакна Макрон.

Тој смета дека треба да се постави прашањето за задолжителна вакцинација за целото население, и ги повикува сите Французи да се вакцинираат што е можно поскоро.

– Ве чекаат девет милиони дози. Вакцинирајте се, тоа е единствениот начин да се заштитите себе и да ги заштитите другите, рече Макрон.

Тој најави дека од почетокот на септември ќе почне кампањата за трета доза за вакцинираните во јануари и февруари. Исто така, на почетокот на учебната година кампањи за вакцинација ќе има и за учениците од основно и средно образование.

– И покрај вакцината, ве замолувам сите да продолжите да бидете внимателни и да продолжите да ги почитувате мерките за спречување на вирусот, истакна Макрон.

Тој рече дека од почетокот на август, здравствениот пасош ќе важи за кафулињата, рестораните, трговските центри, болниците, домовите за пензионери, но и во авионите, возовите и автобусите за долги патувања. Притоа, појасни дека „само вакцинираните и тестираните кои се негативни ќе можат да пристапат до овие места без оглед дали се клиенти, корисници или вработени”.

Како новина од оваа есен спомена дека ПЦР тестовите ќе се плаќаат освен ако не ги препише лекар“.

Емануел Макрон го започна својот говор пред Ајфеловата кула, осврнувајќи се на целиот тек на пандемијата во Франција.

– Како од почетокот на пандемијата, сакам да зборувам директно со вас. Каде сме ние во нашата борба? Благодарение на исклучителната посветеност на негувателите и медицинските работници, успеавме да ја контролираме епидемијата и повторно да .живееме. Успеавме во текот на изминатите две недели да одиме под 2.000 контаминации на ден. Хоспитализациите и смртните случаи се на најниско ниво. Животот можеше да продолжи затоа што се организиравме, нагласи Макрон.

Во однос на економијата, Макрон рече дека се заштитени бизнисите, работните места, се отвориле 187.000 нови работни места од почетокот на годината, а е зачувана и куповната моќ на Французите. За 2021 година, тој предвидува раст од шест отсто. 

извор: МИА
Next Post

Во Хрватска во викендот пристигнале 39 отсто помалку туристи отколку во 2019 година

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk